Салата со туна за оние кои ја чуваат линијата
Одржувањето на телесната тежина не мора да биде напорно бидејќи постојат рецепти за вкусни салати, како овој, кои се подготвуваат брзо и заситуваат. Поголемиот дел од намирниците сигурно веќе ги имате дома.

Потребни состојки:
- 500 грама леблебија
- 2 конзерви туна
- 1 голема црвена пиперка исечкана на коцки
- 75 грама исечкан кромид
- 15 грама исечкан свеж магдонос
- 120 милилитри сок од лимон
- 4 лажици маслиново масло
- Мешана зелена салата
- Бибер и сол по вкус
Начин на подготовка:
Измешајте ги леблебијата, туната, пиперката, кромидот, магдоносот, две лажици маслиново масло и половина од лимоновиот сок. Зачинете со бибер. Останатиот лимонов сок заедно со останатите две лажици масло и солта измешајте ги, па прелијте ја салатата со смесата.
Доколку барате лесна салата која е и вегетаријанска, пробајте го овој рецепт за лесна салата со краставица и авокадо.