Жените над 30 години ги мразат овие прашања

Најблиските секогаш мислат најдобро за нас, дури и кога ни поставуваат интимни прашања кои прават да се чувствуваме непријатно. Сепак, жените кои се наоѓаат во своите триесетти години би сакале да добиваат што помалку вакви прашања, без разлика дали тие се добронамерни или не.

Жените над 30 години ги мразат овие прашања

Многумина сѐ уште сметаат дека одредени работи во животот, како раѓањето деца, стапувањето во брак или вработувањето, треба да бидат завршени или барем започнати до триесеттите години од животот. Меѓутоа, до вас е дали ќе верувате во овие непишани правила. Не треба да се дискутира дека секоја жена има различни планови и очекувања, па затоа, размислете добро следниот пат ќе кога сакате да ги поставите следните прашања на која било жена во триесеттите.

Што чекаш за брак?

Доколку жената која има триесет години или повеќе е во долга врска, најчестото прашање кое го добива од најблиските веројатно е кога ќе стапи во брак. Ова е уште полошо доколку жената не е во врска.

Жената најдобро знае каква е нејзината врска и зошто е или не е во брак. Вашето прашање нема да ѝ го промени мислењето или да ја поттикне да „побрза“ со плановите. Сепак, подобро е да се биде сигурен отколку да се брза само поради некои општествени норми, зарем не?

Планираш да раѓаш?

Матката на жената е само нејзина. Точка. Секоја жена, без оглед на годините, сама одлучува дали и кога ќе има деца. Жената не би требало да носи одлука за мајчинството само поради мислењето на останатите.

Освен тоа, постои и друга страна на приказната. Има жени кои сакаат да бидат мајки, но немаат партнер со кого би можеле да го добијат тоа или се борат со неплодност. Дали на овие жени им е потребно вашето прашање? Не.

Сѐ уште немаш работа?

Многу млади луѓе сѐ уште го бараат своето место под сонцето, а доколку некоја жена во триесеттите нема сигурна работа и кариера, тоа не значи дека е помалку вредна и не работи. Напротив, тие девојки често работат многу понапорно за да заработат доволно.

Зошто не земеш станбен кредит?

Веднаш по прашањето за кариерата следува и прашањето за станбен кредит. Често ќе го чуете коментарот дека е подобро да се земе кредит отколку да се плаќа станарина. Тоа е точно, но за да се добие кредит потребно е да се исполнат одредени услови кои секој не може да ги исполни. Банкарската сметка на личноста е нешто приватно и прашањата поврзани со неа се некултурни.

Не мислиш дека е време да почнеш да се облекуваш соодветно на возраста?

Зошто носиш старки? Не ти е срам да одиш со такви фармерки? Можеби фустанот ти е прекраток? Без разлика дали се поставени од страна на сосетката или пријателката, ваквите прашања за начинот на облекување се лични бидејќи секој сам треба да одлучува како ќе изгледа. Секоја жена најдобро знае во што се чувствува пријатно и годините немаат никаква врска со тоа. Освен тоа, дали некаде пишува како треба да се облекуваме според годините?

За жените, пак, во четириесеттите години, ова претставува период на големи промени: Вака се менува менструацијата кога жените ќе наполнат 40 години!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар