Сакате да се охрабрите? Престанете да ги правите овие 5 нешта!

Сакате да се охрабрите? Престанете да ги правите овие 5 нешта!

Обидете се да се сетите кога последен пат сте се почувствувале доволно храбри да преземете некој поголем чекор или да се впуштите во екстремен предизвик? Иако не се соочуваме со вакви ситуации секој ден, понекогаш носиме некои одлуки само затоа што сме сигурни дека се безбеден избор, односно избегнуваме да ризикуваме. Сепак, некогаш е добро да се излезе од удобната зона и похрабро да се пристапи на некој проблем. Доколку се пронајдете во следните тврдења, тогаш треба да поработите на враќање на храброста и самодовербата.

Сакате да се охрабрите? Престанете да ги правите овие 5 нешта

1. Губите чувство за вашата цел

Кога сме соочени со некој поголем предизвик, се случува вниманието да ни е одземено од неважни детали. Затоа, бараме одредена утеха и собираме информации и знаења, за да можеме да поставиме јасна цел. Но, кога ќе го пребукираме мозокот со премногу информации, можеме да се изгубиме по патот кон целта и да западнеме во споредни замки како што се одложувањето, барањето оправдување и нерационалните стравови.

2. Дозволувате минатото да ви влијае на иднината

Секој жив човек, кога ќе погледне назад во своето минато, сигурно ќе наиде на ситуација или случка која влијаела на него, кога бил повреден, навреден, понижен, кога не се чувствувал добро. Покажуваме вистинска храброст кога не дозволуваме тие темни дамки од минатото да ја дефинираат нашата иднина. Да, токму минатото нè има дефинирано како личност, но доволно е само да ги имаме на ум сите лекции што сме ги научиле поради некое искуство или грешка, за да можеме храбро да ѝ пристапиме на иднината.

3. Се грижите што мислат другите

Пред да преземете каков било чекор, размислувате што би рекле останатите и често се повлекувате? Можеби се откажувате од нешто што го сакате само за да бидат задоволни вашето семејство и пријателите? Од ова следи и стравот дека нема да успеете, но и дека ќе бидете посрамени. Но, како би знаеле ако воопшто не се обидете? Во менталниот склоп на луѓето е да сакаат да добијат одобрување или пофалба од оние околу нас, но важните чекори зависат само од ризикот кој сме подготвени да го преземеме за да ги реализираме.

Сакате да се охрабрите? Престанете да ги правите овие 5 нешта

4. Очекувате совршенство

Кога смислата за себе ја основаме врз нашиот начин на работа и достигнувањата, тогаш развиваме перфекционистичка состојба на умот. Поради превисоките очекувања кои си ги поставуваме, се изложуваме на дополнителен напор, во обид да ги оствариме зацртаните цели. Секој неуспех, најпрво прави да се чувствувате лошо пред себе, па наместо да преземате ризици, вие ги избегнувате. Затоа, поставувајте си пореални очекувања, не зависете од судот на другите, вежбајте ја храброста и запомнете, совршенството е тешко достижно.

5. Ги обвинувате другите

Кога сме во ситуација во која нашата способност и професионалност се ставени на тест, се случува вината да ја бараме во некој друг. Најлесен начин за тоа да се направи е да избегаме и да се скриеме, да ја игнорираме ситуацијата или пак, да обвиниме некој друг. Преземањето одговорност е значаен напредок во охрабрувањето. На овој начин си дозволуваме да се чувствуваме убаво кога некоја ситуација ќе се реши добро, иако тоа добро е различно од нашата замисла, што е знак на зрелост и одговорност. Храброста дури може и да помогне во креирањето планови за иднината.

Прочитајте ги и овие цитати за надежта кои веднаш ќе ви го подобрат расположението.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар