Цитати за надежта кои веднаш ќе ви го подобрат расположението

Дали минувате низ тежок период полн со проблеми и предизвици? Дали изгубивте верба во вашите способности и решивте да се откажете од вашите цели? Пред да потонете во очај, сетете се дека надежта последна умира. Следниве цитати ќе ви ја обноват вербата во подобро утре и веднаш ќе ви дадат сила да продолжите понатаму посилни од кога било претходно…

Цитати за надежта кои веднаш ќе ви го подобрат расположението

Надежта е светлина

„Надежта се состои во способноста да се види светлината и покрај сета темнина.“ – Дезмонд Туту

Надеж за подобро утре

„Учете од вчера, живејте за денес, надевајте се за утре. Најважното нешто е да не ја изгубите вашата љубопитност.“ – Алберт Ајнштајн

Надеж за децата

„Драги деца, слушајте ги забраните. Слушајте ги ограничувањата. Слушајте ги предупредувањата и обесхрабрувањата. Слушајте ги никогаш недоживеаните искуства и потоа слушнете внимателно… Сѐ може да се случи. Сѐ е возможно.“ – Шел Силверстајн

Борба за светот

„Постојат добри работи на светов и вреди да се бори човек за нив.“ – Џ. Р. Р. Толкин

Надежта последна умира

„Многу е важно да знаете дека сте направиле сѐ што сте можеле. Но, никогаш не се откажувајте од надежта, бидејќи во спротивно нема да вреди ништо од тоа што го правите. Надевајте се до последен момент!“ – Чарлс Дикенс

Љубете за да биде подобро

„Кога љубиме, секогаш се стремиме да станеме подобри одошто сме. Кога се стремиме да станеме подобри одошто сме, сѐ околу нас станува подобро.“ – Пауло Коелјо

Сите сме сонувачи

„Можете да кажете дека сум сонувач, но не сум единствен. Се надевам дека еден ден ќе ни се придружите и светот ќе живее како едно.“ – Џон Ленон

Надежта никогаш не исчезнува

„Надежта е последното нешто што исчезнува.“ – Италијанска поговорка

Ѕвезди на надежта

„Но, некако знам дека само тогаш кога е доволно темно можете да ги видите ѕвездите.“ – Мартин Лутер Кинг Јуниор

Цитати за надежта кои веднаш ќе ви го подобрат расположението

Луѓето се добри во душа

„Вистинско чудо е тоа што не сум се откажала од моите идеали, затоа што се чинеше дека е апсурдно и невозможно да се спроведат. Сепак, ги задржав, бидејќи и покрај сѐ, сѐ уште верувам дека луѓето се навистина добри во душа.“ – Ана Франк

Имајте храброст

„Нема да можете да пливате кон нови хоризонти додека не соберете храброст да го изгубите брегот од вид.“ – Вилијам Фокнер

Создадете нешто ново

„Во време на уништување, создадете нешто.“ – Максин Хонг Кингстон

Живејте со надеж

„Најмалку што можете да направите во вашиот живот е да откриете за што се надевате. Најмногу што можете да направите е да живеете со таа надеж. Не да ѝ се восхитувате од далеку, туку да живеете со неа, под нејзиниот покрив.“ – Барбара Кингсолвер

Сите суштества имаат надеж

„Надежта е недостижна желба со позитивни очекувања. Таа е особина на сите живи суштества.“ – Едвард С. Ејм

Надежта ретко пристигнува

„Колку и да делува чудно, сѐ уште се надевам на најдоброто, иако најдоброто исто како и интересниот имејл, многу ретко пристигнува, а и тогаш кога ќе пристигне, лесно може да биде изгубено.“ – Лемони Сникет

Секогаш надевајте се

„Никогаш не се откажувајте. Надевајте се. Очекувајте го само најдоброто од животот и преземете нешто за да го добиете тоа.“ – Кетрин Пулсифер

Правете им услуги на другите

„Работите што ги правите за себе ќе исчезнат кога ќе исчезнете и вие, но работите што ги правите за другите, ги оставате како наследство.“ – Калу Ндукве Калу

Добрите нешта не умираат

„Запомнете дека надежта е нешто добро, можеби и најдобро, а добрите нешта никогаш не умираат.“ – Стивен Кинг

Цитати за надежта кои веднаш ќе ви го подобрат расположението

Надеж за подобро утре

„Интересно е тоа како малку утре може да надомести за големото вчера.“ – Џон Гуаре

Ни треба повеќе надеж

„На светот му треба помалку жештина и повеќе светлина. Му треба помалку од жештината на гневот, одмаздата и повеќе од светлината на идеите, вербата, храброста, амбицијата, радоста, љубовта и надежта.“ – Вилфред Питерсон

Продолжете да сонувате

„Сонуваме за да си дадеме надеж. Ако престанете да сонувате, тоа е исто како да кажете дека не можете да ја смените вашата судбина.“ – Ејми Тен

Прво доаѓа неуспехот, па потоа надежта

„Надежта најмногу се појавува по поразот и неуспехот, бидејќи тогаш се произведува внатрешната сила и цврстина.“ – Фриц Нап

Надежта е сон

„Надежта е буден сон.“ – Аристотел

Бидете позитивни

„Позитивната реченица ја поттикнува надежта за подобра иднина, ја гради вашата и туѓата верба и ги охрабрува промените.“ – Џан Даргац

Ништо не е совршено

„Сите работи имаат пукнатина. Така влегува светлината.“ – Леонард Коен

Никогаш не бидете безнадежни

„Никогаш не треба да бидеме безнадежни, бидејќи никогаш не можеме да бидеме непоправливо скршени.“ – Алберт Ајнштајн

Држете се!

„Кога сте на крајот од вашето јаже, врзете јазол и држете се.“ – Теодор Рузвелт

Прочитајте ги и следниве инспиративни цитати што ќе им ја вратат надежта на сите оние кои поминуваат низ тежок период.



САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

  1. Dushan Reply

    Не се пишува НАДЕЖТА ами НАДЕШТА буквата Т е незвучна така да и Ж која е звучна преминува во Ш која е незвучна. Новинари сте треба да знаете!

    • Моника Трајковска Јакимовска Reply

      Здраво Душан,

      Во македонскиот јазик има неколку отстапки од едначењето по звучност – надежта е една од нив.

Остави коментар