12 едноставни вежби за согорување на масните наслаги

Веројатно кога ќе ви спомнат вежбање првото нешто на коешто помислувате е одењето во теретана. Но, реалноста е дека можете да правите некои лесни вежби и во вашиот дом. Погледнете ги овие неверојатни вежби кои во комбинација со правилна исхрана може да бидат навистина ефективни.

1. Странично подигнување на ногата

12 едноставни вежби за согорување на масните наслаги

Застанете на дланките и колената и исправете го грбот. Подигнете ја едната нога колку што можете и држете ја под агол од 90 степени. Вратете ја во почетната положба. Повторете 10 пати, па направете ја вежбата и со другата нога.

2. Планк со подигнување на ногата

12 едноставни вежби за согорување на масните наслаги

Застанете во положба за склекови. Подигнете ја едната нога и држете ја позицијата 1 секунда. Спуштете ја ногата и повторете со другата.

3. Мост

12 едноставни вежби за согорување на масните наслаги

Легнете на грб и подигнете го задникот. Останете во оваа положба и бавно спуштете се доле. За поголем интензитет можете да ја кренете едната нога, а потоа да повторите и со другата.

4. Латерални подигнувања на ногата

12 едноставни вежби за согорување на масните наслаги

Легнете на страна, а колковите нека ви бидат точно еден на друг. Подигнете ја горната нога и бавно вратете ја во почетната положба. Повторете 10 пати, па направете ја вежбата и со другата нога.

5. Руски твист

12 едноставни вежби за согорување на масните наслаги

Седнете со свиткани колена. Малку навалете се наназад и подигнете ги стапалата. Полека завртете го горниот дел од телото на едната страна, вратете се во почетната положба, па завртете се на другата страна.

6. Планк

12 едноставни вежби за согорување на масните наслаги

Ова е многу едноставна, но ефективна вежба. Свиткајте ги лактите и поставете ги точно под вашите рамена. Вашето тело треба да формира права линија од главата до стапалата. Држете ја положбата колку што можете. Грбот држете го исправен.

Продолжува на следната страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар