Каква боја ви е аурата според вашиот хороскопски знак?

Бојата на вашата аура кажува многу за личноста којашто сте. Поради ова, не е ни чудно што секој знак си има посебна боја. Моќта на секој знак во астрологијата се открива преку разни форми на енергија, вклучувајќи ја и аурата. Па, погледнете што вашата боја кажува за вас.

Која е бојата на вашата аура според вашиот хороскопски знак?

Овен: Светло црвена

Се разбира дека жестокиот Овен ќе се изрази преку светла и жива црвена. Оваа боја означува страст, сексуалност, агресија, натпреварувачки дух и силна волја. Ова се едни од главните карактеристики на Овните.

Бик: Шумско зелена

Би погодиле ли дека Биковите се претставуваат со оваа боја? Оваа боја покажува моќ на исцелител, личност која го вади најдоброто од другите. Исто така означува и посветеност и приземјеност.

Близнаци: Жолта

Веселите Близнаци ќе се покажат преку жолтата боја. Ова укажува на оптимизам, позитивност, игривост и допир со внатрешното дете. Исто така, жолтата боја го прикажува и ентузијазмот кон животот.

Рак: Розова

Постои ли миг кога Раковите не се вљубени? Оваа боја означува романтични чувства, љубов, сочувство, емпатија и мекост кон секого.

Лав: Портокалова

Лавот со својата енергија го владее светот, па не е ни чудно што неговата аура има најсмела боја. Оваа боја означува здраво его, самодоверба и желба за победа.

Девица: Кралско сина

Комуникативните Девици имаат аура со жива кралско сина боја. Оваа аура укажува на сериозност, логичен и рационален поглед кон животот и желба за искрена комуникација со секого.

Вага: Сино-зелена

Хармоничната и убава Вага е комбинација од зелена и сина. Оваа аура им припаѓа на оние кои се грижат за луѓето околу себе. Тие се смирени, објективни и дипломати во секоја ситуација.

Скорпија: Индиго

Мрачните и мистериозните Скорпии имаат аура со бој на индиго. Ова е бојата на интензивните емоции, интуицијата, мудроста, чувствителноста и способноста да се види вистината без разлика на сè.

Стрелец: Светло портокалова

Овие диви филозофи никогаш не се плашат да пробаат нешто ново. Токму поради ова нивната портокалова аура означува креативност, издржливост и голема самодоверба. Исто така тие имаат и огромен апетит за животот.

Јарец: Црвена

Аурата на посветените Јарци има силна црвена боја. Тие се отпорни и остануваат силни и во најтешките моменти. Јарците се амбициозни и знаат да преживеат.

Водолија: Светло зелена

Аурата на Водолиите укажува на личност која сака да направи промена кон подобро, некој кој ги става туѓите потреби пред своите.

Риби: Виолетова

Магичните и интуитивните Риби се искажуваат преку нивната виолетова аура. Оваа боја е знак за бујна фантазија. Луѓето со оваа боја на нивната аура сакаат да мечтаат и бегаат преку нивната уметника визија.

Дознајте и како да ја гледате и исчистите вашата аура.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар