Правила за свадбената церемонија на принцот Хари и Меган: Нема телефони, подароци и мечеви

Правила за свадбената церемонија на принцот Хари и Меган: Нема телефони, подароци и мечеви

Како што се наближува кралската свадба на принцот Хари и поранешната актерка Меган Маркл, така британските медиуми ги откриваат протоколот и правилата за неа. Секој поканет, добива и листа со инструкции за однесување, меѓу кои и забрана за носење уреди со камера, но и подароци за младенците. Инструкциите се напишани на седум страници.

Свадбени правила на принцот Хари и Меган: Нема телефони, подароци и мечови

Постојат два можни патишта за возење до Виндзор, каде што гостите треба да се сретнат во фармерска продавница, отворена во 2001 година, која се наоѓа на околу 1,5 километри од дворецот во Виндзор, каде што ќе се случува венчавката. Пред да пристигнат таму, сите гости ќе бидат проверени дали носат уред со камера, бидејќи фотографирањето за сопствени потреби е забрането. Подароци не може да се носат ниту во капелата Свети Џорџ, ниту пак на прославата во дворецот во Виндзор. Подарувањето на денот на самата свадба не е дозволено, според сите кралски правила и протоколи. Своите подароци, гостите можат да ги испратат по свадбата во Кензингтонската палата.

Свадбени правила на принцот Хари и Меган: Нема телефони, подароци и мечови

Принцот Хари и Меган, до поканетите доставиле и листа од седум добротворни друштва, каде што гостите може да донираат во чест на свадбата, секако, доколку имаат желба за нешто такво. Кога е во прашање кодот за облека, мажите ќе носат формален дневен фрак или триделен дневен костум. Кај жените пак, задолжителни се формалниот дневен фустан и секако, соодветната шапка. Исто така е назначено дека гостите не смеат да ги носат медалите со одликувања, ниту пак мечевите со нивната титула.

На дневната церемонија ќе присуствуваат околу 600 гости, но само 200 од нив се поканети на вечерниот прием, меѓу кои навистина блиските пријатели на парот, како и членовите на семејствата. Забавата ќе продолжи до раните утрински часови.

Погледнете ја и оваа кралска фото-историја на кралските фризури.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар