Рижото со кари и зеленчук

Овој необичен рецепт за рижото е одличен прилог, но и вкусно главно јадење. Доколку сакате зачинета храна, пробајте го уште денес.

Рижото со кари и зеленчук

Потребни состојки:

  • 180 грама ориз
  • Кромид
  • Шери домат
  • 200 грама грашок
  • Морков
  • Кари
  • Прстофат сол и бибер

Начин на подготовка:

  • Измијте го оризот и сварете го.
  • На малку масло пропржете го кромидот, а по неколку минути додајте го шери доматот пресечен на половина. Динстајте додека не омекне доматот.
  • Потоа додајте грашок, ситно исечканиот морков и кари и добро измешајте.
  • На крај додајте го и оризот и оставете го малку да се крчка на средна температура.

Топлиот ориз можете да го послужите и со месо по ваш избор.

Пробајте го и рецептот за ориз подготвен на мексикански начин.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар