Дождот сепак помага во борбата против депресијата

Дождливото време може да делува депресивно, па често го поврзуваме со чувство на тага. Но изгледа дека ова е погрешно. Имено, луѓето кои страдаат од анксиозност и депресија истакнуваат како им годи дождливото време. Во овие моменти тие не доживувале напад на депресија или анксиозност.

Дождот сепак помага во борбата против депресијата

Истото важи и за луѓето кои се импулсивни и нервозни. Овие луѓе често спомнуваат дека сакаат дожд, а причината е што тој ги опушта и смирува. Доколку размислите, зад ова има и некаква логика.

Нашиот мозок го перцепира звукот од дождот како смирувачка и безопасна врева. Токму поради ова постојат многу видео и аудио записи за опуштање и медитација кои содржат звуци од дожд.

Додека врне, обично луѓето немаат желба да излегуваат, но затоа пак во затворен простор го прават она што најмногу го сакаат. Звукот на дожд ги смирува па полесно им е да читаат книга или да се релаксираат со топла купка.

Покрај тоа, многу луѓе го поврзуваат мирисот на дождот со позитивни мисли и сеќавања од минатото. Интензивниот и суптилен мирис ве враќа во време кога сте биле на топло и сигурно.

Научниците истакнуваат дека во хормонските промени важен е и звукот на дождот. Кога звукот е тивок или умерено силен, мозокот го толкува како сигнал за смирување. Покрај тоа, овој смирувачки звук ја прикрива и непријатната врева којашто може да ве разбуди или вознемири, како на пример вревата од автомобилите.

Па на следниот дожд обидете се да се опуштите, заборавете на депресијата и уживајте.

Погледнете и кои се симптомите на скриена депресија кои може да се појават кај секого.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар