Рецепт за вкусни бомбици со сончоглед

Вкусот на овие бомбици со сончоглед ги освојува сите генерации!

Рецепт за вкусни бомбици со сончоглед

Потребни состојки:

  • 100 г сончоглед
  • 100 г семе од лен
  • 100 г сусам
  • 500 г брашно
  • 200 милилитри бело вино
  • 100 милилитри зејтин
  • 250 г путер
  • 1 лажичка сол

Начин на подготовка:

  1. Измешајте го брашното и сите семиња. Потоа, изматете го путерот со рачен блендер и додадете го брашното и семињата.
  2. Полека додавајте наизменично зејтин и вино и кога ќе се формира убаво тесто, оставете го во фрижидер неколку часа.
  3. Обликувајте топчиња и наредете ги на плех. Печете во рерна на температура од околу 180 до 200 степени додека не поруменат убаво.
  4. Кога ќе се испечат, намачкајте ги путер ако сакате да ги украсите со сончоглед односно да ги поминете убаво од сите страни во тањир со сончоглед. Експериментирајте со украсувањето.

Овие чоколадни колачиња се новиот Инстаграм тренд, а гарантирано ќе го подобрат и вашето расположение.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар