Рецепт за ролнички со цимет и прелив од боровинки

Овој зимскиот десерт во ново руво, со прелив од боровинки, освојува на прв поглед, а вкусот ќе ве натера да го направите повторно.

Рецепт за ролнички со цимет и прелив од боровинки

Потребни состојки (за 12 ролнички):

  • 500 грама брашно
  • 75 грама кокосово масло
  • 75 грама шеќер + 2 лажици
  • 250 милилитри растително млеко + 50 милилитри
  • ќесичка сув квасец
  • 50 грама маргарин
  • 2 лажички цимет + 3 лажички
  • 1 лажичка кардамон

За преливот:

  • 100 грама замрзнати боровинки
  • 100 грама шеќер во прав
  • 1 лажичка густин
  • 50 милилитри растително млеко

Начин на подготовка:

1. Ставете 250 мл растително млеко во сад да се загрее. Во мал сад измешајте го сувиот квасец и една лажица шеќер. Додајте две лажици топло млеко во овој сад, промешајте и оставете го настрана. На остатокот од млекото додајте му ги кокосовото масло, 75 гр шеќер, две лажички цимет и лажичка кардамон. Загрејте ја оваа смеса на пониска температура додека маслото не се растопи. Кога ќе се стопи, оставете го настрана неколку минути да се олади.

2. Во голем сад ставете го брашното и додајте ја смесата од квасец, млеко и шеќер. Потоа, истурете ја смесата од садот со млеко, масло и други состојки. Месете со раце додека не добиете компактна смеса или тесто. Извадете го тестото од садот и месете го околу 10 минути, додека не добиете свиленкасто тесто. Вратете го во садот, покријте го со крпа и чувајте го на топло околу 40 минути.

3. Во чиста чинија на тивок оган растопете го маргаринот, додајте две лажици шеќер и две лажички цимет. Оставете го настрана да се излади бидејќи со тоа ќе го мачкате тестото. Извадете го тестото од садот, месете го кратко и развлечете го во правоаголна форма. Намачкајте го рамномерно со стопениот маргарин, циметот и шеќерот. Посипете уште малку шеќер по целото тесто. Развлечете го тестото и исечете го на 12 еднакви парчиња. Наредете ги ролничките во сад за печење, така што ќе има малку простор помеѓу нив. Оставете ги да отстојат уште 20 минути.

4. Загрејте ја рерната на температура од 180 °С. Премачкајте ги ролничките со малку растително млеко, преку површината и од секоја страна. Печете ги во рерна 25 минути додека не добијат кафеава боја на површината.

Прелив од боровинки:

1. Во сад измешајте ги боровинките, шеќерот во прав, густинот и растителното млеко. Гответе на тивок оган десет минути, постојано мешајќи, додека не добиете текстура на сируп.

2. Потоа, турете ја смесата во блендер и само кратко мешајте додека не добиете мазна смеса. Турете го овој прелив рамномерно врз ролничките цимет додека се сè уште топли за да впијат што повеќе вкус.

Погледнете го овој рецепт за вкусна орео торта од само 5 состојки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар