Рецепт за кафе со сладолед и минерална вода

Овој пијалак не само што изгледа привлечно, туку има исто толку добар вкус. Ако сте меѓу оние кои денот не го поминуваат без кафе, сладолед и минерална вода, тогаш можете да го пробате овој рецепт и за уживате во продолжениот викенд!

Рецепт за кафе со сладолед и минерална вода

Потребни состојки:

  • 2 лажички шеќер
  • 1 литар инстант кафе
  • 1 топка сладолед од ванила
  • 250 г слатка павлака
  • 250 милилитри минерална вода

Начин на подготовка:

  1. Измешајте ги шеќерот и кафето во еден голем сад.
  2. Матете ја слатката павлака додека не добиете шлаг.
  3. Полека додавајте шлаг во кафето додека не добиете мазна текстура.
  4. Наполнете високи чаши до половина, додадете ја минералната вода, а потоа и малку сладолед.
  5.  Можете да го украсите со прелив од чоколадо.

Можеби ќе сакате да го пробате и ова есенско кафе со тиква.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар