Интервју со @mojafitnessmama: Прочитајте повеќе за фитнес програмите за мајки и животот во Киев на Мери Амбросова

Мери Амбросова доаѓа од Скопје, но живее во Киев веќе неколку години. На интервјуто таа ни раскажа повеќе за нејзиното секојдневие таму, со што се занимава, каков е животот во Украина, а исто така ни сподели и што треба да посетиме кога патот ќе не одведе во Киев. Уживајте!

Интервју со @mojafitnessmama: Прочитајте повеќе за фитнес програмите за мајки и животот во Киев на Мери Амбросова

Дали можеш да ни раскажеш повеќе за тебе и за твоето секојдневие во Киев? Како изгледа еден ден од твојот живот?

Јас сум Мери и живеам во Киев 3 години. Тука ја родив керќичката. После породувањето се обучив за тренер за постпородилно вежбање и моментално имам онлајн фитнес програми наменети за мајки, како и за девојки кои допрва ќе се остварат во улогата на мајка.

Наутро стануваме, ја носам Марта во градинка, се враќам и го шетам кучето, правам ручек, раскревам по дома (ако имам ручек и ми е средено, тогаш вежбам), ја земам Марта од градинка околу 12:15, се шетаме, потоа одиме дома, јадеме. Потоа таа спие, јас работам, а кога стане одиме да се шетаме. Потоа правам вечера, си играме и почнувам да ја спремам за спиење (се бањаме, играме, разгледуваме/читаме книги). Откако ќе заспие обично раскревам по дома или ја завршувам мојата работа. Низ целиот ден снимам видеа за Инстаграм стори, а кога ќе најдам 10 мин слободно време постирам пост на мојот профил на Инстаграм или враќам на пораки. Вака кога пишувам не е нешто интересно, но тоа е моето секојдневие.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de Мери Амбросова (@mojafitnessmama) el

Кога започна со фитнес програмите за мајки после пораѓај и од каде дојде идејата? Со што друго се занимаваш?

Со фитнес програмите започнав кога видов дека во Македонија нема ниедна програма за послепородилно, конкретно ништо за дијастаз. Јас имав голем дијастаз и вежбав програма наменета за мајки после породување кои имаат дијастаз. Претходно вежбав нормална програма и дијастазот ми се зголеми и си направив проблем со кичмата. Кога видов за колку кратко време имав резултат од програма наменета за мајки после породување кои имаат дијастаз, веднаш се обучив и ја направив програмата „Маратон со Бебе“. Во неа имаше вежби за мајки со дијастаз и за мајки кои немаат дијастаз. Од пред три месеци излезе програмата „Мајки Херојки“ која е специфицирана со тренинзи после породување и безбедни за дијастаз и папочна кила. „Маратон со Бебе“ е за секого, дури и ако не сте мајка можете да вежбате со тегови и ќе имате одлични резултати.

Моментално работам на мојот Инстаграм профил, а тоа е секојдневно снимање, одговарање на пораки, постирање постови, потоа работа на програмите и одговарање на корисничките на моите програми. Еднаш неделно сум судија на кошаркарски натпревар. Учам руски јазик и сум на еден курс кој моментално ми одзема доста време. Во план ми се и други надградувања и учења, но кога ќе имам време. Најважно е да сме здрави и да се грижиме за себеси.

Интервју со @mojafitnessmama: Прочитајте повеќе за фитнес програмите за мајки и животот во Киев на Мери Амбросова

Гледаме дека постојано споделуваш фотографии од малата ќерќичка Марта. Дали со сопругот имате различни ставови во врска со нејзиното воспитување? Каква е врската помеѓу децата и родителите во Украина?

За среќа имаме исти ставови, разговараме како ќе постапуваме, но тој е малку построг и него посериозно го разбира, додека јас повеќе попуштам односно повеќе и дозволувам. Како и секаде, има различни родители. Овде до 3 часот родителите се со децата, а потоа ги праќаат во градинка. На 18-20 години веќе децата живеат сами, работат и студираат.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de Мери Амбросова (@mojafitnessmama) el

Која е тајната на успехот во бракот кој е различен религиски, културно и според начинот на живеење? Дали ти беше тешко да се навикнеш на нивната култура?

Ние со сопругот сме од иста религија, култура и имаме скоро ист начин на живеење. Некако лесно се прилагодив. Битно е да прифатиш дека почнува ново поглавје и дека треба да се прилагодиш. Освен љубов, ценење, почитување, помагање, за брак во кој има уште искри треба да се работи и да се научи како. За жал, никој не може да не научи. Јас случајно налетав на неколку курсеви и книги и кога ги ислушав бев запрепастена колку само има што да се научи. Како најглавно ќе издвојам помалку кавги и „драми“ со сопругот. Кога сакаме да кажеме дека нешто ни смета, дека имаме проблем, тогаш да сме кратки, а не како што ние жените знаеме да појасниме се од А до Ш, па уште и да повториме едно исто неколку пати и да препрашаме.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de Мери Амбросова (@mojafitnessmama) el

Која е најголемата разлика помеѓу животот во Украина и Македонија, а кои се сличностите?

Ќе се задржам на луѓето каде што јас живеам и како јас ги доживувам. Не значи дека навистина се така и дека сите се така. Во Киев не одат на кафе како кај нас да седнат и подолго да пијат. Работат повеќе часови од нас и овде е 8 часа активно работење, плус 1 час за пауза и ако се додаде и пат за одење и враќање, тогаш околу 10-11 часа не се дома. Дружељубив народ се, отворени се да ти помогнат.

Интервју со @mojafitnessmama: Прочитајте повеќе за фитнес програмите за мајки и животот во Киев на Мери Амбросова

Дали мислиш дека Украиниците водат поздрав живот од Македонците? Како изгледа нивното секојдневно мени?

Не сакам да генерализирам, затоа што мислам дека е индивидуално. Можам само да кажам дека повеќе јадат хељда и урда.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de Мери Амбросова (@mojafitnessmama) el

Дали можеш да предложиш топ 5 места во Киев кои вреди да се посетат?

Катедралата Света Софија, Мајдан Незалежности и Крешчатик, статуата на мајката на Киев и нејзината околина, Мариинскиот дворец, парк Победа.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de Мери Амбросова (@mojafitnessmama) el

И за крај, кое е твоето омилено кафе и кој дел од денот ти е омилен за кафе пауза?

Моето омилено кафе е Нескафе Долче Густо поточно кафена таблетка Café Au Lait. Најмногу уживам во утринско Американо во кафулето во зградата во која живеам.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de Мери Амбросова (@mojafitnessmama) el

Запознајте го и Боро од Скопје: Неговиот стилски стан и начин на живот се вистинска инспирација.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар