Есенско кафе со тиква: Новиот пијалак што ќе сакате да го пиете цела сезона

Далгона кафето беше многу популарно претходните месеци, а можевте да го пробате и со различни вкусови. Како што доаѓа есента, така стануваат популарни и некои други рецепти кои љубителите на кафе и есен ги обожаваат. Денес решивме да ви споделиме еден рецепт за кафе со вкус на тиква кој е новиот пијалак што ќе сакате да го пиете цела сезона.

Есенско кафе со тиква: Новиот пијалак што ќе сакате да го пиете цела сезона

Потребни состојки:

  • 2 лажици инстант кафе или еспресо
  • 2 лажици шеќер
  • 1/4 лажичка измешани зачини: цимет, ѓумбир, морско оревче, каранфилче, бибер.
  • 1 лажица варена тиква
  • 2 лажици топла вода
  • млеко по избор и вкус

Начин на подготовка:

  1. Во еден сад додајте ја топлата вода, кафето, шеќерот и зачините и со рачен миксер, миксирајте ја смесата 3 до 4 минути. Треба да има пенеста текстура.
  2. Потоа додајте ја тиквата и миксирајте додека не се соедини.
  3. Наполнете една чаша со мраз и млеко по избор и вкус. Додајте ја смесата со тиква и уживајте во есенскиот вкус на вашето кафе.

Можеби ќе сакате да го пробате и овој леден десерт со кафе за секој дел од денот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар