Каков тип личност сте: Директор, истражувач, преговарач или градител?

Секој од нас има хормони кои можат да ги одредат дури и карактерните црти, а со тоа и идниот партнер. Врз основа на човечката природа, машко-женските односи, изборите што ги правиме во љубовта, Хелен Фишер, биолог и антрополог, тврди дека биолошки сме привлечени од одредени типови луѓе. Таа, исто така, создаде еден вид типологија на личност заснована на хормони кои доминираат кај луѓето, и поради кои потоа избираме партнер.

Каков тип личност сте: Директор, истражувач, преговарач или градител?

1. Истражувачи

Тоа се луѓе кај кои доминира допамин. Тие се исклучително љубопитни и креативни. Тие сакаат промени, но и ризикуваат. Тие се целосно спонтани, флексибилни и енергични.

2. Градители

Луѓето кај кои доминира серотонин се дружељубиви, зборлести, но бидејќи секогаш ги следат правилата, тие се многу внимателни во сè што прават. Тие сепак не се плашливи. Тие се исклучителни во одржување на добри односи со другите и градење на социјални врски.

3. Преговарачи

Кај овие лица е доминантен естрогенот. Тие имаат широк поглед кон светот, тие се имагинативни, интуитивни, внимателни и вешти во комуникацијата.

4. Директори

Кога некој е е одлучен, непоколеблив, конкурентен, тогаш кај таа личност доминира тестостеронот.

Фишер тестирала дури 7 милиони луѓе во 40 земји и заклучила дека истражувачите ги привлекуваат преговарачи, градителите ги привлекуваат градители, директорите ги привлекуваат преговарачи и преговарачите ги сакаат директорите.

Можеби ќе ве интересира и овој тест: погледнете ја фотографијата и откријте како се чувствува вашето срце.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар