Рецепт за фалафел со цвекло

Потеклото на фалафелот не е многу познато. Некои велат дека потекнува од Израел, други од Палестина, а некои тврдат дека потекнува од Екипет и Либан. Како и да е, фалафелот е многу вкусен и полн со протеини, а денес решивме да споделиме еден поразличен рецепт за фалафел со цвекло.

Рецепт за фалафел со цвекло

Потребни состојки:

  • 430 г сварен наут или готов од конзерва
  • 120 г рендано цвекло
  • 2 чешниња лук
  • 30 г сечкан магданос
  • 1 лажичка ким
  • сол по вкус
  • 10 г тахан
  • 10 милилитри сок од лимон
  • 10 г брашно од овес или по избор
  • 30 милилитри маслиново масло (за готвење)

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 375 степени. Наутот ставете го на хартија за печење и печење ги за 10 до 12 минути.
  2. Изрендајте го цвеклото. Потоа во блендер ставете ги лукот, магданосот, наутот, цвеклото, кимот, солта, таханот, сокот од лимон и блендирајте за 12 до 30 секунди. Ако смесата е многу влажна додадете брашно. Ако е премногу сува, тогаш додадете повеќе тахан или сок од лимон.
  3. Користете ги рацете за да го формирате фалафелот. Ќе добиете околу 8 до 10 фалафели.
  4. Ако го печете фалафелот, тогаш наредете ги топчињата на хартија за печење. Премачкајте ги со маслиново масло и печете за 20 до 30 минути.
  5. Ако решите да ги пржите, тогаш во средна тава ставете 2 лажички маслиново масло и пржете за 3 до 4 минути од двете страни.
  6. Ако решите да ги пржите, тогаш во средна тава ставете 2 лажички маслиново масло и пржете за 3 до 4 минути од двете страни.
  7. Сервирајте со хумус или сос по ваш избор. Во фрижидер може да останат од 4 до 5 дена.

Погледнете го и овој рецепт за домашен хумус кој ќе го обожавате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар