Рецепт за домашен хумус кој ќе го обожавате

Според некои извори, наутот (леблебија) потекнува од Египет и започнал да се користи во 13-ти век. Тој бил во изобилство на Блискиот исток и сè уште се употребува многу често. Всушност, зборот хумус значи наут на арапски јазик.

Познато е дека ова растение го чува срцето, го подобрува дигестивниот тракт, го намалува холестеролот и е добар извор на селен, на што се должат неговите антиканцерогени својства. Затоа, вклучете го на секојдневната трпеза, а со тоа ќе добиете и бројни здравствени придобивки.

Домашен хумус кој ќе го обожавате

Сигурно сте слушнале дека од наутот може да подготвите вкусен намаз – хумус. Хумусот е одлично решение кога брзате наутро и немате време за омлет или овесна каша. Тостирате лепчиња, сечкате домати и заедно со веќе готовиот домашен хумус, добивате брз и здрав појадок.

Денес имаме еден лесен и брз рецепт за домашен хумус, кој секој може да го подготви и да ужива во неговиот раскошен вкус!

Потребни состојки:

  • 500 г наут (леблебија)
  • 3 чешниња лук
  • 100 г сусам
  • 3 лажички сенф
  • сол и бибер
  • 1 лажичка сушен магдонос
  • Маслиново масло
  • Сок од 1 лимон

Начин на подготовка:

  1. Наутот потопете го во вода и оставете го да стои преку ноќ.
  2. Следниот ден измијте го и ставете го да се вари 40 минути.
  3. На тивок оган и без масло, пржете го сусамот.
  4. Потоа, блендирајте ги сите состојки: сусамот, наутот, магдоносот, сенфот, солта, црниот бибер, сокот од лимон и маслото.
  5. Ако смесата што ќе ја добиете е премногу густа, додајте малку вода, но не претерувајте.
  6. Ако сакате да бидете креативни и вашиот хумус да има поинтересен вкус, додајте други зачини, семе од тиква или сончоглед.

Погледнете ги и овие 3 совршени идеи за лесен појадок.



САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар