Рецепт за еклер торта што не треба да ја печете

Рецепт за еклер торта што не треба да ја печете

Ова француско слатко чудо се прави многу брзо и многу лесно.

Рецепт за еклер торта што не треба да ја печете

Потребни состојки:

  • 450 грама крцкави бисквити
  • 500 милилитри млеко
  • 2,5 лажици пченкарен сируп
  • 3 лажици шеќер
  • 1 жолчка
  • 1 капка екстракт од ванила

За прелив:

  • 4 лажици шеќер
  • 2 лажички какао во прав
  • 1 лажица млеко
  • 50 грама путер

Начин на подготовка:

1. Половина од млекото ставете го да зоврие, а во меѓувреме во другата половина од млекото додајте ги жолчката, пченкарниот сируп, шеќерот и екстрактот од ванила. Мешајте додека да се соедини смесата, а потоа истурете ја во зовриено млеко и варете со постојано мешање додека да се згусне.

2. Зготвениот крем обвијте го со пластична фолија и ставете го во фрижидер за да се излади.

3. Садот за печење покријте го со фолија, па ставете еден ред бисквити, потоа ставете еден слој од кремот, повторете ја постапката уште еднаш и најгоре завршете со ред бисквити.

4. За подготовка на преливот, измешајте ги шеќерот и какаото, а потоа додајте ги во млекото и ставете го да се загрее. Кога ќе почне да врие, додајте го путерот и мешајте додека да се стопи и да се соедини со млекото. Прелијте ја тортата со преливот, а потоа ставете ја преноќи во фрижидерот.

Погледнете го и овој рецепт како да направите чоколадна фантазија со лешници.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар