Рецепт за двојно чоколадно задоволство: Празнична торта која ќе ве воодушеви!

Може ли нешто да биде повкусно од чоколадна торта? Да, дупло почоколадна торта!

Рецепт за двојно чоколадно задоволство: Празнична торта која ќе ве воодушеви!

Еве ви предлог за божиќен десерт со кој сите ќе ги воодушевите.

Потребни состојки:

  • 200 г темно чоколадо (со 60% какао делови)
  • 100 г млечно чоколадо
  • 200 г маргарин
  • 4 јајца јајца
  • 200 г шеќер
  • 150 г брашно
  • 1 лажица прашок за печиво
  • 200 г сечкани ореви

Потребни состојки за прелив:

  • 50 мл слатка павлака
  • 75 мл млеко
  • 90 г темно чоколадо (со 60% какао делови)
  • 30 г млечно чоколадо

Начин на подготовка:

  1. Во сад на пареа растопете го маргаринот со 200 г темно чоколадо и 100 г млечно чоколадо.
  2. Изматете ги јајца со шеќерот, додајте го растопеното чоколадо со маргаринот и измешајте ги состојките додека смесата не стане хомогена. Додајте го брашното, прашокот за печиво и сечканите ореви и добро промешајте.
  3. Премачкајте го калапот со пречник од 22 см со путер и покријте го со хартија за печење. Истурете ја смесата во калапот. Потоа ставете го калапот во загреана рерна на 175 °C и печете 30 минути.
  4. Кога тестото ќе се испече, оставете го да се излади.
  5. Во меѓувреме, подгответе го преливот со тоа што ќе ја загреете слатката павлака и млекото и ќе додадете 90 г темно чоколадо и 30 г млечно чоколадо. Откако ќе го додадете чоколадото веднаш тргнете го тенџерето од шпоретот и промешајте додека чоколадото не се растопи целосно.
  6. Кога тестото ќе се олади, извадете го од калапот, рамномерно прелијте ја кората со глазурата и оставете ја тортата да се излади.

Добар апетит!

Можеби сакате да го дознаете рецептот и за колачот од топло млеко.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар