Полна белина и шарм: Мала куќичка како од најубавата зимска бајка

Полна белина и шарм: Мала куќичка како од најубавата зимска бајка

Како да го создадете вашиот дом од соништата? Се разбира, најважно е во него да бидете со луѓето што ги сакате, а уште и ако естетски ја уредите, задоволството ќе биде комплетно. Вашиот идеален дом лесно може да биде како оваа мала куќичка полна со белина и шарм и украсена со божиќни декорации.

Полна белина и шарм: Мала куќичка како од најубавата зимска бајка

Белината на ентериерот е естетски привлечна затоа што убаво ја рефлектира светлината, евоцира позитивни чувства и му „пркоси“ дури и најтмурниот ден. Ова е причината зошто Скандинавците сакаат да внесат изобилство белина во своите домови, исто како во оваа мала куќичка која се наоѓа во Норвешка.

Куќата може и да нема голема квадратура, но има сè што ви е потребно за од неа да создадете најудобен и најтопол дом. Празничните декорации ѝ даваат дополнителен шарм, а во неа преовладува зеленилото од борови гранки и ламбички кои се всушност многу едноставни и ефикасни детали.

Колку магично!

Во трпезаријата дури има и мали џуџиња, а ако само дозволите вашата фантазија да се развие, тие може да ја оживеат оваа мала куќичка и да ја претворат во најубавата зимска бајка…

Полна белина и шарм: Мала куќичка како од најубавата зимска бајка

Можеби сакате да дознаете и како да ги употребите книгите како совршен детаљ за уредување на домот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар