„Капка од морето“: Значењето на најчестото женско име на светот

На новогодишниот ден, токму на 1 јануари, Католиците го слават празникот посветен на блажената Дева Марија, а сите што се викаат Марија го слават својот именден. Марија е најчестото женско име во светот и се среќава во многу варијанти.

„Капка од морето“: Значењето на најчестото женско име на светот

Тоа е името на Дева Марија, мајката на Исус и симболизира чиста и длабока љубов. На оригинален хебрејски, името е Миријам, а ние сме ја презеле формата Марија според латинската верзија од името. Самото значење на името Марија не е точно дефинирано. Според едно неодамнешно толкување, името е изведено од египетскиот збор „мири“ што значи „сакан“ или „сакан на Бога“. Според претходните толкувања, името било добиено од хебрејскиот збор „мир“ (горчлив) и „џем“ (море), така што значењето би било „горчина од морето“.

Според толкувањето на Евсебиј од Цезарија, името значи „капка од морето“ и значењето потекнува од хебрејскиот „мар“ (капка) и „џем“ (море). Поради големиот восхит кон Мајката Божја, името Марија не се користело при крштевање во католичките земји сè до XV век.

Ова име е присутно во сите земји низ Европа, Северна и Јужна Америка и во делови од Азија. Тоа е најзастапено во Шпанија и Латинска Америка.

Марија е најчесто застапеното шпанско женско име во текот на XX век – скоро 30% од припадничките од женски род во Шпанија се наречени Марија. Марија често се појавува во различни варијанти: Ана Марија, Марија Магдалена и слично. Други форми изведени од името Марија се Мариела, Мариета, Мариола, Марика, Маруша, Маша, Ми(ј)а, Мајда, Мара, Маре, Марица, Марта, Мина итн.

Познати жени кои го носат ова име се: Марија Кири, Марија Калас, Марија Антоанета, Марија Шарапова и други.

А доколку очекувате бебе можеби сакате да ги дознаете и овие популарни латински женски имиња со силно значење!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар