Рецепт за арапски палачинки со крем сирење

На списокот со 50-те најдобри десерти во светот има десерти како што се турската баклава, австриската штрудла од јаболка, како и арапските палачинки полнети со крем сирење, суво овошје и ореви, а често им додаваат и розова вода и цимет.

Слатка и миризлива розова вода е дестилат на ливчиња од роза, но исто така можете да го замените со некој сладок сируп или мед. Постојат многу варијации на темата арапски палачинки – тие се разликуваат по големина, како и по начинот на подготовка. По полнењето може да се сервираат веднаш или да се пржат во масло или да се печат.

Рецепт за арапски палачинки со крем сирење

Потребни сосотојки:

За палачинките:

  • 120 г брашно
  • 120 г гриз
  • 2 лажици шеќер
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1/2 лажичка сув квасец
  • 1/4 лажичка сол
  • 580 милилитри топла вода
  • 35 г мелени ф’стаци
  • мед по желба

За полнежот:

  • 1 лажица гриз
  • 1 и половина лажици брашно од скров
  • 250 милилитри млеко
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 2 лажици маскарпоне
  • 60 г леб насечкан на коцки

Начин на подготовка:

  1. Ставете ги сувите состојки во сад, а потоа додадете вода и промешајте. Покријте го садот и оставете го да отстои 30 минути. Тестото треба да биде потенко од она за нашите палачинки.
  2. Подгответе го полнежот. Измешајте гриз, брашно од скроб и 60 милилитри млеко и ванила. Загрејте го ова на шпоретот додавајќи го остатокот од млекото и мешајќи додека не стане густо и пенливо. Потоа, додадете го маскарпонето и убаво измешајте додека не се соедини, па додадете ги коцките леб и оставете да се олади.
  3.  Загрејте ја тавата и истурете 2 лажици од смесата за палачинки. Печете додека не се појават меурчиња. Палачинките не треба да се вртат, доволно е да ги печете само од едната страна.
  4. Ставете околу една лажица мешавина од смесата со сирење во секоја палачинка, спојте ги рабовите и врз нив ставете мелени ф’стаци. Посипете со мед по желба.

Прочитајте зошто треба да го започнете денот со какао?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар