Хуман однос кон животните: Апликација ќе ги лоцира мачките и кучињата скитници низ Истанбул

Хуман однос кон животните: Апликација ќе ги лоцира мачките и кучињата скитници низ Истанбул

Истанбулските власти создадоа мобилна апликација SmetiPati која ќе се обиде да постигне амбициозна цел, а тоа е да ги лоцира сите мачки и кучиња скитници по градските улици.

Хуман однос кон животните: Апликација ќе ги лоцира мачките и кучињата скитници низ Истанбул

Апликацијата е развиена од водечката ИТ компанија Коџ Систем, а тоа значи дека сите љубители на животни ќе можат да пријавуваат мачки и кучиња скитници со апликацијата. Властите сакаат подобро да се грижат за нивното здравје и да направат подобри политики кога станува збор за третманот на овие животни. Ипек Кираџ од споменатата компанија истакна дека дошла до идејата за развој на оваа апликација, бидејќи бројот на бездомни кучиња што ги хранела се зголемувал секој ден.

Ќе се создаде база на податоци за секое животно, а ќе има и информации за луѓето кои се грижат за нив и за ветеринарите. Секој профил на животното ќе содржи основни информации за него и фотографија. Податоците ќе се ажурираат редовно. Истанбулскиот градоначалник Екрем Имамоглу рече дека планот е апликацијата да биде достапна во рок од половина година.

Дали Инстаграм и ТикТок стануваат минато? Новата социјална мрежа „уништува сè пред себе“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар