Како да уживате во есента секој ден? Правете ги овие 5 работи!

Есента е во полн ек – лисјата ја менуваат бојата, температурите се пониски и се чувствува есенскиот мирис во воздухот. Оваа сезона им е омилена на многумина и е идеална за секојдневно уживање во овие мали есенски радости.

Како да уживате во есента секој ден? Правете ги овие 5 работи!

1. Пиење на омилениот чај

Јаболко и цимет, боровинка и брусница се само некои од вкусовите кои секогаш потсетуваат на есента. Со чаша од овој фин топол пијалак скоро можеме да ја „вкусиме“ есента и тоа е идеален начин за релаксација.

2. Запалете ја вашата омилена миризлива свеќа

Уште една мала есенска радост е мирисот на омилената свеќа која се шири во нашите домови и со тоа се создава затворено есенско опкружување. Мирисот на портокал, цимет или ванила е еден од оние без кои есента не може да помине.

3. Прошетки во паркот

Комплетното искуство на есента се чувствува преку прошетките. Парковите се преполни со дрвја чии лисја ја менуваат бојата и полека земјата станува дом на паднатите лисја. За да уживате во богатството на есенски бои, доволна е кратка прошетка, која има и релаксирачки ефект.

4. Релаксирање под меко ќебе

По прошетката, време е да се опуштите на каучот под меко ќебе. Тогаш, најдобро одговара една чаша од вашиот омилен чај или кафе. Одвојте малку време за себе, опуштете се и уживајте во топлината на мекото ќебе и убавиот пијалак.

5. Гледање филмови

Секој од нас има омилен филм, серија или книга по која посегнуваме за време на есенските вечери. Со нив ќе ја почувствуваме таа атмосфера и ќе заспиеме уште послатко.

Се разбира, печењето пита со јаболка и штрудлата се неизбежно. Есента е совршено време често да уживате во овие вкусни десерти на кои ретко кој може да одолее.

За поголема есенска атмосфера во домот, пробајте го овој рецепт за највкусната есенска гранола со јаболко и цимет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар