Рецепт за највкусната есенска гранола со јаболко и цимет

Оваа есенска гранола е збогатена со парчиња јаболко и цимет, како неодолива комбинација за постудени денови. Гранолата е секогаш одличен избор за појадок, полн со хранливи состојки, секогаш подготвен за грицкање или јадење со јогурт, млеко или смуdи. Направете го тоа еднаш неделно и имајте домашна здрава гранола за цела недела. Не заборавајте дека секогаш можете да играте со додатоците. Наместо ореви ставете бадеми, наместо семе од коноп семе од тиква, додадете на крајот и сува брусница или некое друго суво овошје.

Рецепт за највкусната есенска гранола со јаболко и цимет

Потребни состојки:

  • 400 г овесни снегулки
  • 130 г сушено јаболко
  • 130 г сечкани ореви
  • 2 лажички цимет
  • 35 г семе од коноп
  • малку сол
  • 60 милилитри кокосово масло
  • 75 г путер од бадем
  • 70 милилитри јаворов сируп
  • 1 лажичка екстракт од ванила

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 150 степени, а потоа поставете ја хартијата за печење во една голема тава.
  2. Ставете ги сите суви состојки во голема чинија, а сите влажни состојки (масло, путер, сируп) ставете ги во тенџере и загрејте гина среден оган, мешајќи постојано.
  3. Потоа додадете ванила и промешајте уште еднаш. Додадете ги влажните состојки во сувите и уште еднаш измешајте сè заедно додека не се комбинираат.
  4. Потоа пренесете ја смесата на хартијата за печење, израмнете со шпатула и ставете ја во рерната за 30 минути.
  5. После 15 минути промешајте. Кога ќе се испече, извадете ја гранолата и оставете ја да се излади целосно без да ја мешате.

Можеби ќе сакате да го пробате овој рецепт за кафе со сладолед и минерална вода.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар