Рецепт: Како да направите алиоли од авокадо?

Овој неверојатен рецепт за алиоли е без масло, а потребни ви се 5 минути, неколку состојки и блендер. Овој сос е одлична комбинација со печен компир и зеленчук!

Рецепт: Како да направите алиоли од авокадо?

Потребни состојки:

  • 2 зрели авокада
  • 75-90 милилитри аквафаба (течноста од конзерва наут)
  • 3-4 чешниња лук, излупен и мелен
  • 30 милилитри сок од лимон или лајм
  • 1/2 лажичка сол
  • малку црн бибер
  • 3 лажички рузмарин или босилек (по избор)

Начин на подготовка:

  1. Ставете го авокадото во блендер. Додадете ја аквафаба, лукот, сокот од лимон, солта, црниот бибер и зачинот кој го одбравте.
  2. Блендирајте додека не се комбинираат. Потоа, вкусете ја смесата и прилагодете го вкусот по потреба, додавајќи повеќе лимон за киселост, сол по вкус или повеќе зачини.
  3. Чувајте го во фрижидер, но не повеќе од 24-48 часа. Комбинирајте со печен компир, зеленчук или по избор.

Погледнете како да направите вегетаријански бургери од киноа и спанаќ.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар