Вегетаријански бургери од киноа и спанаќ

Овие бургери од спанаќ и киноа се вкусни, вегетаријански и полни со протеини и хранливи материи. Погледнете го рецептот и направете ги уште денес.

Вегетаријански бургери од киноа и спанаќ

Потребни состојки:

  • 150 г неварена киноа
  • 450 милилитри вода
  • 4 јајца
  • 120 г пармезан или по избор
  • 2 китки млад кромид
  • 3 чешниња лук
  • 150 г спанаќ на пареа
  • 150 г лебни трошки
  • 1 лажичка маслинов зејтин

Начин на подготовка:

  1. Исплакнете ја киноата и ставете ја во сад заедно со водата. Гответе за 20 минути.
  2. Потоа комбинирајте ги изматените јајца, киноата, пармезанот, сечканиот млад кромид, истолчениот лук, спанаќот и лебните трошки. Оставете за неколку минути за да се апсорбира течноста. Смесата треба да биде влажна. Потоа формирајте бургери.
  3. Загрејте го зејтинот во голема тава на среден оган. Гответе ги бургерите покриени за 8 до 10 минути од секоја страна. Треба да добијат златна боја. Потоа уживајте и добар апетит!

Погледнете го и овој рецепт за полнет модар патлиџан подготвен на здрав начин.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар