Протеинска салата со никулци од наут

Пробајте го овој рецепт кој е одличен за вашето здравје и за витка линија!

Протеинска салата со никулци од наут

Потребни состојки:

  • 200 г никулци од наут
  • 200 г никулци од пченица
  • 1 млад лук
  • 1 краставица
  • 1 морков
  • сок од лимон
  • сол
  • маслиново масло

Начин на подготовка:

  1. Излупете ги морковот и краставицата, а потоа исечкајте ги ситно, изрендајте ги или ако имате машина што прави „шпагети“ од зеленчук искористете ја неа.
  2. Исечкајте го младиот лук ситно, а ако не е сезона на младиот лук, тогаш слободно заменете го со кромид или праз.
  3. Измешајте ги никулците со зеленчукот, зачинете по вкус и послужете со парчиња лимон.

Можеби ќе ве интересира и овој брз рецепт за фахитас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар