Применете го овој трик при користењето на машината за миење садови за да го спречите насобирањето маснотии

Применете го овој трик при користењето на машината за миење садови за да го спречите насобирањето маснотии

Кога станува збор за одржувањето на машината за миење садови, стручните лица препорачуваат еднаш месечно да ја вклучувате на програмата за миење на 60 ᵒС употребувајќи јако средство за миење садови, ако сакате таа долго да ви биде од корист. На тој начин ќе го избегнете насобирањето маснотии во самата машина.

Применете го овој трик при користењето на машината за миење садови за да го спречите насобирањето маснотии

Повременото користење на програмата со висока температура ќе го подобри нивото на хигиена во машината, велат стручњаците, затоа што само врелата вода вистински ги отстранува маснотиите кои се насобираат во неа.

Покрај тој месечен ритуал, треба да се држите до „еко“ програмата за миење садови, затоа што таа, и покрај тоа што подолго трае, е поделотворна од другите.

Исто така, немојте да се заморувате со рачно миење на садовите пред да ги ставите во машината затоа што на тој начин трошите многу вода. Сепак, отстранувајте ги остатоците од храна од нив пред да ги ставите во машината.

Исто така, не ја вклучувајте машината за миење садови само кога таа е целосно полна. Садовите наредете ги така што меѓу нив ќе има доволно простор за млазот вода да допре до секој сад, а препорачливо е да ги користите и средствата за миење садови кои ви ги предлага самиот производител на машината.

Можеби сакате да ги дознаете и 10-те домаќински трикови со коишто ќе направите старите работи да изгледаат како нови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар