10 домаќински трикови со коишто ќе направите старите работи да изгледаат како нови

10 домаќински трикови со коишто ќе направите старите работи да изгледаат како нови

Доколку забележавте дека некои ваши омилени предмети го изгубиле својот сјај и веќе не се како нови, не грижете се, бидејќи постојат некои едноставни состојки коишто веќе ги имате во вашиот дом, а можат значително да ги обноват и освежат. Нема потреба да избрзувате и да ги фрлате старите предмети, бидејќи постои едноставен начин да ги поправите, без ничија помош. Не ви се потребни никакви особени вештини, ниту опрема за тоа. Прочитајте ги овие 10 неверојатни трикови и состојки, со кои ќе ја вратите оригиналната сјајност на остарените предмети.

1. Мајонез за белите дамки на дрвените површини

10 домаќински трикови со коишто ќе направите старите работи да изгледаат како нови

На дрвениот мебел, честопати се случува да останат бели дамки од мокри чаши. Можеби до сега мислевте дека со ниедно средство за чистење, тие не се отстрануваат, но веројатно никогаш не сте се сетиле, да пробате да ги исчистите со мајонез?! На крпа, ставете мајонез и протријте го по површината на којашто има бели дамки од кондензација, сè додека не се исчистат. Со овој трик, исто така можете да ги коригирате и пукнатините на дрвените површини, така што ќе ги пополните со мајонез и ќе го оставите да се исуши неколку дена. Потоа, исполирајте ја површината со сува крпа.

2. Сенф за враќање на сјајот на бакар

10 домаќински трикови со коишто ќе направите старите работи да изгледаат како нови

Сте знаеле ли дека можете да употребите сенф, за да го вратите природниот сјај на продуктите направени од бакар? Сè што треба да направите, е да земете на пример, стара бакарна бразлетна, да нанесете сенф на неа и да го оставите да постои неколку минути. Потоа, исполирајте ја и исчистете ја алката, со влажна крпа.

3. Бебешка пудра за гребаници на екран од мобилен телефон

10 домаќински трикови со коишто ќе направите старите работи да изгледаат како нови

Доколку сакате да ги елиминирате гребаниците коишто ги имате на мобилниот телефон, направете паста од бебешка пудра и вода, нанесете ја на екранот и тријте со крпа. Потоа, отстранете ги остатоците од смесата со крпа. Малите гребаници треба брзо да исчезнат, благодарение на овој трик.

4. Лак за нокти за изгребано стакло

10 домаќински трикови со коишто ќе направите старите работи да изгледаат како нови

Измијте го изгребаното стакло, пред да го употребите овој метод. Потоа, земете безбоен лак за нокти и нанесете мало количество на гребаницата. Почекајте околу еден час, натопете памукче со ацетон и поминете со него, по гребаницата. Овој едноставен метод, ќе ви овозможи да ја коригирате изгребаната стаклена површина.

5. Кромид за чистење кожни производи

10 домаќински трикови со коишто ќе направите старите работи да изгледаат како нови

Пресечете еден кромид на половина и протријте со него по валканата кожа. Потоа, очистете ја со мека крпа. Со овој трик, кожата треба да стане повторно сјајна, како нова.

6. Лак за коса за дамки од козметика

10 домаќински трикови со коишто ќе направите старите работи да изгледаат како нови

Доколку имате дамки од козметички продукти на вашата облека, истите може да ги отстраните со помош на лак за коса. Прснете лак врз дамката, протријте го со салфета и исперете ја облеката на вообичаен начин. Лакот за коса, е исто така многу ефикасен во отстранување дамки од лак за нокти. Прснете на стара четка за заби и очистете ја дамката од лакот.

7. Бебешки шампон за гребаници на очила за сонце

10 домаќински трикови со коишто ќе направите старите работи да изгледаат како нови

Доколку сакате да ги отстраните ситните гребаници коишто се создале на вашите очила за сонце, тоа можете да го направите со употреба на бебешки шампон. Потребно е да истурите малку од шампонот на секое од стаклата и добро да ги протриете. Отстранете го вишокот шампон со салфета и вашите очила повторно ќе изгледаат како да се нови.

8. Пепел од цигари за гребаници на дрвени површини

10 домаќински трикови со коишто ќе направите старите работи да изгледаат како нови

Друго решение за обнова на оштетени дрвени површини, е пепелта од цигарите. Направете смеса од пепел и вода и нанесете од неа на оштетените делови. Потоа, нежно полирајте го дрвото со сува крпа и отстранете ја пепелта.

9. Путер за дамки од мрсни бои

10 домаќински трикови со коишто ќе направите старите работи да изгледаат како нови

Помешајте путер и прашок за перење во гранули, во сооднос 1:1. Нанесете од пастата на облеката со дамки од мрсни бои и нежно протријте со четка за заби. Почекајте 10-20 минути смесата да постои на дамката и потоа исперете го парчето облека, на вообичаен начин.

10. Креда за мрсни дамки на облека

10 домаќински трикови со коишто ќе направите старите работи да изгледаат како нови

Обичната креда за пишување по табла, ќе ви помогне да се ослободите од масните дамки на облеката. Здробете ја кредата, за да ја претворите во прав и нанесете го на дамката. Кога ќе забележите дека кредата ги апсорбирала мрснотиите, исперете ја облеката како и секогаш.

Може да ве интересираат и овие 10 едноставни тајни што ќе ви ја спасат облеката.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар