Приказната зад оваа фотографија ќе ви го скрши срцето

Осамена мечка седи сред планина ѓубре во депонија. Зад неа излегува чад од запалена јама. Во најмала рака, оваа фотографија е срцепарателна. Но, приказната зад неа е уште пошокантна.

Приказната зад оваа фотографија ќе ви го скрши срцето

Кога фотографот Трој Мот ја забележал оваа сцена, веднаш ја направил фотографијата. Подоцна кога уредувал и размислувал за искуството, не можел а да не се чувствува тажно за она што го фотографирал.

„Кога пристигнав во депонијата јамата беше запалена и од неа излегуваа пламени поголеми од мечката. Бев без зборови, шокиран од она што го гледам. Кога завршив со фотографирањето, мечката бавно се сврте и почна да оди кон запалената јама исчезнувајќи од мојот вид. Не се врати повторно додека бев таму.

Ми беше потребно долго време да ја процесирам фотографијата и сè уште не знам како се чувствувам за неа. Само знам дека ова е единствената фотографија што сум ја направил што ме натерала повеќепати да се расплачам. Сигурен сум дека има уште многу да ме научи.“

Потресната фотографија предизвикува многу емоции. Моментално луѓето фрлаат толку многу ѓубре на годишно ниво што може да се заобиколи целата планета 4 пати со него. Од сето тоа, 80% завршува во океанот. Таму бавно се распаѓа и ја труе околината, а неретко го убива и дивиот свет.

Јасно е дека сега е времето за промена. Климатската промена ја менува планетата и околината не може да издржи повеќе издувни гасови во атмосферата. Луѓето се одговорни за уништувањето на околината и можат да го сменат тоа само преку свесно делување.

Погледнете ја и моќната кампања на National Geographic за загадувањето со пластика.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар