Правилото со 5 прашања од основачот на Тојота: Проверен метод за откривање на желбите и тајните

Основачот на јапонскиот автомобилски гигант Тојота, Сакичи Тојода, во секојдневниот живот го користел правилото „петорка“. Ова правило му помогнало да најде одговори на сите прашања и решенија за многу проблеми.

Правилото со 5 прашања од основачот на Тојота: Проверен метод за откривање на желбите и тајните

Се работи за ефикасен метод кој ќе ви помогне подобро да ја сфатите ситуацијата, како и да дознаете што криете, што се плашите да си признаете себеси и што всушност сакате. Поставете си себеси 5 „зошто“ прашања и искрено одговорете.

Да речеме дека, на пример, сакате да купите златен прстен… Еве како би се применила стратегијата на петте „зошто“ во овој случај.

Зошто број 1: Зошто сакам да го имам овој прстен?
Одговор: Затоа што сакам сите пријатели да ми завидуваат.

Зошто број 2: Зошто сакам сите пријатели да ми завидуваат?
Одговор: Затоа што сакам да бидам подобар од нив.

Зошто број 3: Зошто сакам да бидам подобар од нив?
Одговор: Затоа што сум несигурен во себе.

Зошто број 4: Зошто сум несигурен во себе?
Одговор: Затоа што не се развивам, не напредувам, јас сум обична личност.

Зошто број 5: Зошто не се развивам?
Одговор: Затоа што се плашам од потешкотии и се плашам да ја напуштам зоната на комфорот.

Каква врска има сето ова со прстенот?

Сакичи Тојода нѐ учи дека одговорот на петтото „зошто“ ја крие главната причина, која е тешко да се открие на прв поглед. Тој одговор всушност ви ја отвора сегашноста.

Ова е многу ефикасна метода која го открива она што всушност се плашите да си го признаете себеси и она што вистински го сакате. Можете да ја применувате во секојдневниот живот за разни проблеми и дилеми со кои се соочувате, но подеднакво ефикасна примена има и во професионалната сфера за идентификување на пречките во работата, застој во процесите и лоцирање на грешките.

Ваквите методи се интересен начин за решавање на проблемите во животот. Погледнете и како да се ослободите од депресијата и анксиозноста со помош на методот 54321.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар