Меки пица ролнички од лиснато тесто: Брзо се прават и исчезнуваат од чинијата за секунда

Овој едноставен рецепт е совршен за подготовка на викенд појадок или доколку ненадејно ви дојдат гости.

Меки пица ролнички од лиснато тесто: Брзо се прават и исчезнуваат од чинијата за секунда

Потребни состојки:

  • 1 пакетче лиснато тесто
  • Доматен сос
  • Шунка
  • Кашкавал
  • Оригано
  • Други зачини по желба

Начин на подготовка:

  1. Расукајте го лиснатото тесто на набрашнета површина.
  2. Малку избоцкајте го со виљушка, па премачкајте го со доматен сос, но не сосема до рабовите.
  3. Посипете изрендан кашкавал и шунка колку што сакате, па додајте ги зачините.
  4. Заролајте го тестото почнувајќи од подолгата страна која е намачкана.
  5. Исечете ги пица ролничките на парчиња со дебелина од 1,5 до 2 см.
  6. Поставете ги на тава обложена со хартија за печење и печете ги во загреана рерна на 200 степени Целзиусови околу 20 минути.

Љубители сте на пица? Па кој не е!? Пробајте ја и оваа посна пица со ајвар која е необична, вкусна и готова за 10 минути.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар