Отстранете ја прашината брзо и лесно: Користете го овој трик од Тик-Ток за вашиот дом да биде чист

Отстранете ја прашината брзо и лесно: Користете го овој трик од Тик-Ток за вашиот дом да биде чист

Прашината е најголемиот непријател на многу жени. Иако не постои начин целосно да се отстрани засекогаш, постојат трикови со кои прашината нема за кратко време повторно да се наталожи на површините во домот. Во продолжение погледнете еден од нив.

@cleanqueen_7Hack to clean your skirting boards to stop them gathering dust fast! Thank you @cleaningwithdanielled for this inspiration#cleanhack #lenor #cleantok

♬ original sound – The Forgotten Songs

Испрскајте малку омекнувач на ткаенината со прашина и избришете ги површините. На тој начин, ќе создадете тенок слој врз нив што ја отфрла прашината и не дозволува повторно лесно да се наталожи.

Во продолжение прочитајте неколку совети како да се собира помалку прашина во домот.

Чистете ги грејачите и клима-уредот

Во нив може да се наталожи голема количина прашина, па кога ќе ги вклучите, целата таа нечистотија ќе се расфрла низ куќата и ќе се наталожи на мебелот. Затоа, неопходно е редовно да се отстранува прашината од нив со правосмукалка и влажна крпа.

Не бришете прашина „на суво“

Во овој случај, прашината само ќе лета и ќе се премести на друга површина. Ткаенината со којашто чистите нека биде влажна додека ја отстранувате прашината бидејќи така честичките ќе се задржат на неа, наместо повторно да разлетаат низ вашиот дом.

Не нанесувајте спреј за полирање директно на мебелот

Ако го направите тоа, ризикувате да создадете слоеви на мебелот што подоцна ќе привлечат прашина. Наместо да го нанесувате директно, прскајте го спрејот за полирање прво на крпа, а потоа исчистете ги парчињата мебел.

Редовно менувајте го филтерот на правосмукалката

Филтрите се дизајнирани да ги фатат и да ги задржат честичките прав. Ако не ги промените, прашината нема да остане во правосмукалката по чистењето, туку ќе се расфрла низ собата и ќе се наталожи на мебелот.

Прочитајте колку често треба да ги менувате и да ги чистите алатите за чистење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар