Освежувачки коктел со диња и босилек

Летните коктели со диња се навистина освежувачки, а најпопуларни се оние во кои се комбинира диња, минерална вода и алкохол. Денес решивме да ви споделиме нешто поразлично, односно коктел со диња и босилек. Знаеме дека сите го користите зелениот босилек, но за овој рецепт ќе ви биде потребен виолетовиот.

Освежувачки коктел со диња и босилек

Потребни состојки:

  • 150 г сечкана диња на коцки
  • 95 г коцки мраз
  • половина лајм
  • лисја од босилек
  • 1 лажица сируп од агаве или мед
  • 170 милилитри комбуха

Начин на подготовка:

  1. Ставете ги лисјата босилек, сечканиот лајм и сирупот од агаве или медот во чаша и промешајте.
  2. Потоа во друга чаша или сад измешајте ја дињата со коцките мраз и додајте ја во чашата со босилекот. Промешајте уште еднаш.
  3. На крај, додајте ја комбухата и промешајте.
  4. Украсете со повеќе босилек или по избор.

Можеби ќе сакате да го пробате и овој летен коктел од капини и хибискус.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар