Летен коктел од капини и хибискус

Летната сезона е одлична за уживање во најдобрите коктели. Овој коктел од капини и хибискус е токму еден од оние одлични и разладувачки коктели во кои можете да уживате сами или заедно со пријателите.

Капините и хибискусот се богати со антиоксиданти кои имаат корисен ефект врз нашето здравје. Исто така, во комбинација со кефир и свежи лисја од нане, ќе го добиете најосвежувачкиот летен еликсир. По избор, кефирот заменете го со минерална вода или комбуха.

Летен коктел од капини и хибискус

Потребни состојки:

  • 180 милилитри чај од хибискус
  • 250 г замрзнати капини
  • 180 милилитри кефир, минерална вода или комбуха
  • неколку лисја од нане
  • 1 лажица сируп од агаве (по желба)

Начин на подготовка:

  1. Замрзнете ги капините преку ноќ, а исто така подгответе го и чајот од хибискус. Потребни ви се 3 ќесички чај или околу 250 г свежи цветови.
  2. Следниот ден ставете ги лисјата од нане во неколку чаши. Додадете сируп од агаве по желба.
  3. Замрзнатите капини измешајте ги со чајот, додајте во чашите со нане и промешајте. Додадете кефир, минерална вода или комбуха, украсете и сервирајте.

Можеби ќе сакате да го пробате и ова кремасто смуди со кафе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар