7 знаци дека се развивате како личност, дури и ако не се чувствувате така

Понекогаш, развојот е суптилен и го забележувате само во ретроспектива. Иако често претпоставувате дека растот и развојот ќе бидат очигледни, обично некои ситници ги прават најголемите разлики. Овие неколку знаци се доказ дека навистина се развивате како личност, дури и ако не се чувствувате така.

7 знаци дека се развивате како личност, дури и ако не се чувствувате така

1. Се откажавте од старите соништа

Едно од универзалните обележја на внатрешниот развој е зголемениот степен на самосвест, а тоа многу често доаѓа од согледувањето дека она што го барате можеби не е навистина она што го сакате.

Вистината е дека ги заборавате вашите соништа и планови почесто отколку што сфаќате, а ако не сте свесни за тоа, може да се чувствувате како да сте изгубени, како да сте пропуштиле некоја можност или како да не сте го искористиле вашиот потенцијал.

Во реалноста, вие се откажувате од старите соништа затоа што тие биле замислени за личноста што веќе не сте.

2. Веќе не сте задоволни постојано да живеете на површина

Наместо да изгледате добро, повеќе ве интересира да се чувствувате добро. Наместо да се забавувате цел викенд, сакате да имате исполнет и релаксирачки викенд. Наместо да се трудите да добиете одобрение, повеќе ве интересира да научите да се сакате себеси.

Можеби сè уште ги сакате социјалните мрежи, но сфаќате дека тие се дел од животот, а не суштинското постоење. Можеби сè уште сакате да бидете подготвени за секоја ситуација и да не правите грешки, но сфаќате дека мора да го сакате она што го гледате во огледалото, затоа што обидот постојано да се обликувате според стандардите на другите луѓе е игра што не можете да ја добиете.

Вашиот живот почнува да се развива подлабоко затоа што сфаќате дека никогаш не можете да се чувствувате исполнето ако постојано сте на површината.

3. Сакате да разберете зошто

Веќе не сакате само така да ги прифатите работите, туку навистина сакате да ги разберете.

Сакате да разберете зошто некои луѓе реагираат на одреден начин, зошто поставуваат граници или зошто даваат лажни ветувања. Сакате да разберете зошто врската заврши на тој начин и каква улога имавте вие во таа одлука. Сакате да разберете зошто реагирате или зошто размислувате на одреден начин.

Поставувањето на вистинските прашања е почетокот на промените во вашиот живот.

4. Можеби ќе се срамите од изборот во минатото

Никој не треба се срами од своето минато, но многу луѓе се срамат, особено кога минуваат низ периоди на поинтензивен развој.

Можеби често ќе се потсетувате што кажавте, што направивте или што носевте дури и во поновата историја. Ова е затоа што почнувате да сфаќате дека многу од тие одлуки всушност се резултат на несигурност, желба да се вклопите или несвесни верувања.

Иако можеби не изгледа така, ако можете да погледнете во своето минато и да сфатите дека не сте истите од порано, тоа е голем знак за вистински раст.

5. Изгубивте контакт со многу луѓе или раскинавте долга врска

Еден од најголемите знаци дека се менувате е кога вашиот социјален круг веќе не ви одговара. Не е дека тие луѓе се лоши, туку едноставно веќе немате заеднички работи.

Од друга страна, можеби сте завршиле долга врска, а тоа ве потресе и ве поттикна да започнете да си посветувате повеќе внимание на себе. Во ред е да тагувате, но мора да сфатите дека луѓето доаѓаат и си одат од вашиот живот со причина.

6. Повеќе ве интересира квалитетот отколку квантитетот

Повеќе ве интересира да имате неколку навистина блиски пријатели, отколку многу познајници. Попрво би сакале да се посветите многу добро само на неколку проекти, отколку да се затрупате со работа и да се надевате дека сè ќе излезе во ред. Повеќе би сакале да патувате еднаш или двапати во годината и да доживеете незаборавни искуства, отколку постојано да бидете во движење, но не и навистина присутни.

Наместо да имате многу работи, сфаќате дека сè што ви треба се неколку навистина добри работи.

7. Повторно ја откривате вашата душа

Се сеќавате на вашата љубов кон музиката, кон уметноста или кон креативноста.

Ги слушате вашите омилени песни, сочувствувате со другите, ги редизајнирате сите детали од вашиот живот со многу поголема посветеност.

Тоа значи дека се откривате себеси и ја откривате суштината на тоа кои сте. Дури и ако тој дел од вас бил затворен поради самозаштита, тој секогаш постоел чекајќи повторно да го отворите и да дозволите да бидете тоа што сте.

Прочитајте кои се најчестите родителски грешки кои го забавуваат развојот на детската интелигенција.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар