Од кои работи нè лишува недостатокот на самодоверба?

Од кои работи нè лишува недостатокот на самодоверба?

За жал, ниската самодоверба може негативно да влијае врз целокупната благосостојба на личноста, па дури и да го наруши чувството на мир и спокојство. Но, како се манифестира ниската самодоверба и кои се нејзините ефекти? Од што нè лишува ниската самодоверба? Прочитајте во продолжение.

Од кои работи нè лишува недостатокот на самодоверба?

Доверба во другите

Зошто некој би се однесувал добро и праведно кон нас?

Достигнувања

Ниската самодоверба нè спречува дури и да се обидеме!

Слободно време

Секоја секунда ја трошиме во прекумерно размислување, жалење и нервирање.

Ведрина

Зарем можеме да останеме смирени со сите овие мисли?

Храброст

Затоа што храброста и силата одат рака под рака, а ние сме слаби.

Забава

Затоа што не заслужуваме да ни се случуваат убави нешта.

Комплименти

Затоа што иако ги добиваме, сепак не можеме да веруваме во нив.

Друштво и пријатели

Бидејќи очекуваме дека ќе бидеме отфрлени па затоа и се плашиме да пробаме.

Спонтаност

Затоа што прекумерно ги анализираме сите наши зборови, гестови и движења за да не направиме некаква „голема грешка“.

Страсти

Бидејќи желбите, амбициите и задоволството на крајот ќе ни донесат само неуспех, срам и болка.

Надеж

Со кое право очекуваме нештата да бидат подобри?

Љубов

Затоа што нашето самопонижување ги оттргнува другите од нас.

Откако прочитавте за негативните ефекти на ниската самодоверба, можеби ќе сакате да прочитате и како да ја зголемите самодовербата преку овие утрински позитивни мисли.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар