Рецепт за најлесниот појадок што секој може да го направи

Рецепт за најлесниот појадок што секој може да го направи

Овесната каша е одличен избор за појадок. Но, ретко кој ужива во топлата каша кога температурите се искачуваат до незамисливи граници. Затоа, денес ви предлагаме малку поинаков рецепт за овесна каша.

Рецепт за најлесниот појадок што секој може да го направи

Потребни состојки:

  • 150 милилитри млеко или замена за млеко
  • 65 милилитри овошен јогурт
  • 50 грама овесна каша
  • 1 лажица мед
  • ½ лажичка екстракт од ванила
  • прстофат сол

Начин на подготовка:

1. Во тегла измешајте ги млекото и јогуртот со медот и екстрактот од ванила. Додадете малку сол, а потоа додадете ја овесната каша и добро измешајте. Затворете ја теглата и оставете ја во фрижидер да отстои преку ноќ.

2. Наутро послужете ладна овесна каша со прелив по желба. Можете да додадете овошје како банани, малини, боровинки, јаболко или праски.

3. Не заборавајте да додадете и извор на здрави масти како семки или јаткасти плодови. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот рецепт за најлесниот појадок, можеби ќе сакате да ги прочитате и 10-те здрави и вкусни идеи за овесна каша.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар