Ретрограден Нептун на 28 јуни: Време е да се соочиме со вистината!

Ретрограден Нептун на 28 јуни: Време е да се соочиме со вистината!

На 28 јуни нè очекува ретроградното движење на Нептун. Благодарение на ретроградниот Нептун можеме да откриеме работи кои се криеле или кои можеби не сме сакале да ги видиме. Сега е моментот да се соочиме со вистината.

Ретрограден Нептун на 28 јуни: Време е да се соочиме со вистината!

Енергијата на ретроградниот Нептун може да ја активира нашата интуиција и да ја подобри нашата перцепција за „невидливото“. Можеме да ја искористиме во полза на нашите проекти и замисли и тоа како извор на инспирација и поврзување со светот околу нас.

Со оглед на енергијата на Нептун во Риби како и младата Месечина во Риби, ќе треба да бидеме свесни за одржување на нашата рамнотежа. Еден од најдобрите начини да се спротивставиме на силната водена енергија е да се ослободи контролата. Заземјувањето може исто така да помогне.

Нептун е владетел на духовноста, интуицијата, креативноста, илузијата, измамата, соништата, уметноста, фантазијата и забавата. Неговата енергија понекогаш ги обвиткува нештата во превез од мистерии и нејаснотии.

Тоа, од друга страна, претставува поттик да погледнеме подалеку од она што нè опкружува и да ѕирнеме внатре во себе. Но, кога започнува ретроградното движење на Нептун, превезот е кренат и нам не ни преостанува ништо друго освен да се соочиме со вистината. Откако ќе биде оттргнат превезот на илузијата, можеме полесно да сфатиме дали сме оделе во лажна насока за време на нашето духовно исцелување или сме биле водени од нашето его наместо од љубовта.

Освен тоа, Нептун е и симбол на безусловната љубов која е посилна од сè и засекогаш поврзана со нашата душа. Така, за време на ретроградното движење на оваа планета, размислете како можете да привлечете колку што можете повеќе од оваа безусловна љубовна енергија. Што ве спречува да ја почувствувате љубовта таква каква што е? Што е она што ве спречува да се поврзете со таа голема љубовна енергија?

Дозволете Нептун да ве води на ова духовно патување при што ќе научите како да ја споделувате љубовта со оние околу вас.

Меѓу другото, ретроградниот Нептун може да ви помогне полесно да ги сфатите работите и да добиете појасна перспектива за вас самите, за светот околу вас и во вас.

Откако прочитавте што ќе ни донесе ретроградниот Нептун на 28 јуни, можеби ќе сакате да прочитате и кои хороскопски знаци ги очекуваат големи животни промени во јуни.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар