Нов летен тренд: Костимите за капење во неутрална боја завладуваат со Инстаграм

Овој пат не е важен моделот, туку бојата. И како и многупати досега, така и овој пат сестрите Хадид се виновни за раѓањето на новиот тренд. Станува збор за костим за капење со неутрална боја, односно со боја во нијансите на кожата. Овој тренд брзо се шири низ социјалните мрежи затоа што нијансите совршено се вклопуваат со исончаниот тен, правејќи ве многу посексапилни.

Овие костими за капење ќе им стојат одлично на сите девојки, бидејќи телото изгледа како да е голо, притоа нагласувајќи ги најдобрите страни. Покрај класичната неутрална боја која е мешавина од крем и светло розови нијанси, можете да одберете и потемен тон, доколку сакате да го издвоите материјалот од вашата кожа.

Како ви изгледаат овие нијанси за костими за капење? Дали би го пробале овој тренд летово или би се задржале на класичните силни бои за плажа?

Овој неутрален тренд не владее само со костимите за капење. Погледнете ги и овие 10 „голи“ фустани кои прават секоја девојка да се чувствува како принцеза!

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар