25 едноставни начини да кажете „Те сакам“

25 едноставни начини да кажете „Те сакам“

Во зависност од вашиот стил на комуникација или каде сте во врската, можеби не сте целосно подготвени да кажете „Те сакам“. Или пак можеби сте подготвени, но сакате да го подобрите начинот на кој ја покажувате љубовта кон партнерот. Како и да е, постојат разни начини на кои можете да изјавите љубов без да ги кажете овие зборови.

25 едноставни начини да кажете „Те сакам“

Зборови за афирмација

Ако сакате да користите зборови, овие начини се за вас. Комплиментите се еден од најефективните начини да кажете како се чувствувате.

1. Испратете му порака за да му кажете дека мислите на него и дека ви недостасува.

2. Напишете слатка романтична охрабрувачки порака и сокријте ја во џебот на партнерот. На овој начин ќе ја најде случајно.

3. Давајте му комплименти на партнерот. Кажете му колку ве привлекува, колку сте горди на него и дека тој е најдобрата личност што ја знаете.

4. Изненадете го со картичка без повод.

5. Заблагодарете му се и кажете му колку го цените.

Квалитетно поминато време

Ако вашиот партнер го сака вашето внимание, тогаш вашиот љубовен јазик е квалитетно поминато време. Најверојатно партнерот не е заинтересиран за зборови и сака да му ја покажете љубовта со дела.

6. Направете резервација за вечера само за вас двајцата на некое посебно место.

7. Секоја вечер одвојувајте време само за вас двајцата за разговор.

8. Заедно испијте го утринското кафе. Без телефони, без брзање, фокусирајте се само на вас двајцата.

9. Изненадете го со еднодневно патување само за вас.

10. Дури и да се само 10 минути наутро или навечер, не заборавајте ги прегратките.

Подароци

Ако сакате да добивате подароци не значи дека сте разгалени. Вие едноставно сакате нешто опипливо што ќе ве потсетува на вашата љубов.

11. Изненадете го партнерот со влезници за концерт кој знаете дека го сака.

12. Обрнете внимание на нештата што ги спомнува и направете тајна листа. Кога ќе дојде роденден или некој празник, ќе имате совршени идеи за подарок кои партнерот ќе ги сака. Исто така со ова ќе му покажете дека навистина обрнувате внимание на него.

13. Секогаш купувајте му по некој сувенир кога патувате без него.

14. Изненадувајте го со мали подароци, нешто што ќе го потсети на вас кога ќе го види.

15. Обрнете внимание на нештата што му недостигаат на партнерот, но би му го направиле животот полесен. Потоа изненадете го со подарок.

Услуги

Можеби звучи како клише, но за некои луѓе делата навистина кажуваат повеќе од зборовите. Покажете ја вашата љубов со грижа и помош.

16. Понудете да завршите неколку обврски за него.

17. Изненадете го со домашно подготвена вечера.

18. Направете му појадок.

19. Кога се чувствува лошо, понудете да помогнете со дневните задачи.

20. Изненадете го со тоа што ќе го исчистите неговиот автомобил.

Физички допир

Ако вашиот љубовен јазик е физичкиот допир, тогаш прегратките и бакнежите се совршени за вас.

21. Измасирајте го партнерот по напорниот работен ден.

22. Секогаш пречекувајте го со прегратка и бакнеж. Истото важи и кога оди негде.

23. Прегрнете го.

24. Масирајте му го вратот додека вози.

25. Вие бидете иницијатор да се држите за рака додека пешачите заедно.

Погледнете кои се 13-те знаци за вистинска љубов.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар