Неодолива крем-салата со пченка и кисели краставички

Неодолива крем-салата со пченка и кисели краставички

Салата која ќе можете да ја послужите како додаток на трпезата, да ја ставите во сендвич, тако или да ја јадете во комбинација со ориз…Неодолива крем-салата со пченка и кисели краставичкиПотребни состојки:

  • 2 јајца
  • 260 мл мајонез
  • 150 г корнишони, сечкани
  • 1 помал кромид
  • 3 лажички свежо исечкан босилек
  • 1 лажица рен
  • 2 лажички сенф
  • 1 лажичка кечап
  • 1 лажичка чили
  • ¾ лажиче вустершир сос
  • ¾ лажиче црвен пипер
  • 2 чешниња лук, ситно исечкани
  • сок од 1 лимон
  • зрна од 4-5 клавчиња или една кеса замрзната пченка

Начин на подготовка:

1. Најпрво, меко сварете ги јајцата. Варете ги 4 минути, а потоа префрлете ги во сад со ладна вода, каде што ќе ги оставите да поседат 5 минути, а потоа излупете ги.

2. Паралелно, ставете ја пченката да се вари.

3. Во поголем сад помешајте ги сите состојки, а јајцата мешајте ги со помош на жица за матење за убаво да се соединат со останатите состојки.Неодолива крем-салата со пченка и кисели краставичкиНеодолива крем-салата со пченка и кисели краставички4. На крај додадете и ја и пченката како и сол по вкус.Неодолива крем-салата со пченка и кисели краставички Неодолива крем-салата со пченка и кисели краставичкиНапомена: доколку ја чувате постојано на ладно, салатата може да издржи и до 5 дена.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.