Наутро или навечер: Кое е совршеното време за миење на косата?

Луѓето најчесто ја мијат косата во одредена доба од денот по навика. Но, верувале или не, постои идеално време за миење. Познатите фризери откриле дека во зависност од структурата на косата, на некои луѓе им одговара утринското миење, додека пак, на други навечер. Па во која група спаѓате вие?

Доколку имате тенка коса што брзо се мрси, експертите препорачуваат да ја миете од сабајле. Така вашата коса ќе изгледа свежо во текот на целиот ден. Од друга страна пак, доколку имате кадрава коса или пак, густа со дебели влакна, најдобро би било да ја миете навечер и веднаш по миењето да ја избришете со пешкир и потоа да ја оставите сама да се исуши. На тој начин ќе го задржите волуменот, додека истовремено и ќе им дозволите на кадриците да се обликуваат во нивната природна и совршена форма.

Прочитајте ги и овие 4 експертски правила за миење коса – цел живот погрешно сме се миеле!

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


Please enter an Access Token on the Instagram Feed plugin Settings page.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар