Кијану Ривс признава дека е осамен и вели: „Немам никој во мојот живот“

Сите знаеме дека Кијану Ривс е навистина добар човек. Но, ако ви се потребни повеќе докази за да поверувате во тоа – тој ја дал својата помошна заработка од продолженијата на „Матрикс“ (The Matrix) на тимот што работел на филмот, кои пак зеле повеќе од 40 милиони долари. Покрај тоа што тој е добар човек, тој исто така е и многу осамен. 54-годишниот актер признал во едно неодамнешно интервју.

Очигледно е дека Матрикс ти значи многу… Колку наликуваш на Нео?

Тој е подобар човек од мене, но јас се обидувам да ги достигнам неговите вредности.

Кои се неговите квалитети што вистински те воодушевуваат?

Тој беше прекрасен човек за глумење. Мислев дека неговата љубов за Тринити беше навистина чиста. Се идентификував со тоа. Исто така ја обожавав неговата потрага по одговори. Тој е силно позитивен, морален и етички човек, кој го прави најдоброто што може.

Што љубовта значи за тебе?

Мислите на романтична љубов? Знаете, јас сум осамен човек. Немам никој во мојот живот. Но ако тоа се случи, би ја ценел и љубел другата личност. Се надевам дека ќе се случи за мене.

Се опишуваш себеси како осамен човек. Дали си задоволен со тоа?

Не се грижам многу за тоа. Јас сум актер, па во однос на вашето прашање, немам вистински одговор.

Живееш во Западен Холивуд. Дали луѓето ја ценат твојата приватност? Дали можеш да шеташ без да бидеш забележен?

Моите денови се прилично нормални. Секако, тука се комбињата со туристи кои ги посетуваат домовите на сите. Излегувам наутро да си го земам својот весник и тие таму се. Понекогаш се чувствуваш како животно во кафез. Но во Лос Анџелес, никој не се грижи. Исто така папарацото постојано трча по тебе, но јас не излегувам многу, ниту пак правам нешто. Досаден сум.

По интервјуто, неговите фанови веднаш почнаа да му даваат љубов и поддршка на социјалните мрежи. Тие сакаат да му покажат дека тој никогаш не е сам, и дека кога и да треба, тие се тука за него.

Би сакала да бидам дел од твојот живот! Ти имаш многу посебна дарба, неверојатен актер си ги обожавам сите твои филмови и си исклучителна личност! – Керол Стујард

Би сакала да го запознам и да минувам повеќе време со Кијану Ривс, тој изгледа како неверојатна личност. – Никол Сојер

Го обожавам и знам многу луѓе кои го делат моето мислење. Му посакувам многу љубов и среќа на овој неверојатен човек. – Мишел Бејли

Мислам дека тој е неверојатен човек кој страдал многу, но преживеал и притоа процутил. Тој е скромен, дарежлив и приземјен. Би сакала да имам таков маж во мојот живот. – Моира Спид

Би сакала да се сретнам и да поразговарам со него. Сигурна сум дека знае многу луѓе, но и покрај тоа лесно е да се биде осамен. Праќам молитва за тебе – ти си сакан од многу луѓе! – Карен Рут

Дали може да го гушнеме? – Динс Сед

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар