Најдобрите тренинзи за интроверти

Ако сте интровертна личност која сака редовно да вежба, тука ќе пронајдете мини листа на тренинзи идеални за вас…

Најдобрите тренинзи за интроверти

Сигурни сме дека не сте се чувствувале убаво на групните тренинзи на кои имате присуствувано, а особено кога сте морале да се поделите во помали групи за да направите некоја од вежбите. Затоа постојат вежби кои можете да ги правите сами, без никаква помош, и само со вашите мисли и волја. Подолу ќе најдете четири идеални опции препорачани од професионални тренери, наменети за сите интровертни типови.

Па, кој е вашиот идеален тренинг?

Трчање

Знаеме дека ова е очекувано, но самостојното трчање по својата планирана рута е идеален тренинг за сите интровертни луѓе. Кога сте сами, лесно можете да ги туркате вашите сопствени граници и да развивате тактики коишто ќе ја зајакнуваат вашата ментална состојба. Ако не сакате да трчате – пливањето, возењето велосипед или ролерки, се исто така одлични кардио опции.

Најдобрите тренинзи за интроверти

Вежбање во домашни услови

Фитнес вежбите кои можете да ги изведувате во рамките на вашите четири ѕида може да бидат и најдобрата опција за вас. Сигурно се прашувате како да направите комплетен домашен тренинг, кој нема да биде полн со одмори и изговори за прекинување од типот „чекај да проверам што има на Инстаграм“ и слично? Разните апликации за вежбање може да ви помогнат, како и видеата на Јутјуб, каде што можете да најдете одличен тренинг кој ќе ве измори до крај.

Најдобрите тренинзи за интроверти

Јога

Тивкото опкружување ќе ви овозможи да ги истражите вашите рефлексивни и интроспективни мисли. Згора на ова, јогата е тренинг кој се фокусира на поврзување на умот со телото, што уште повеќе ќе ви се допадне. Иако ќе бидете опкружени со луѓе на тренингот, поради тишината и мирот нема да се чувствувате анксиозно. Ако повеќе сакате да бидете дома, инвестирајте во тенки простирки и самостојно научете ја јогата!

Најдобрите тренинзи за интроверти

Интервален тренинг со висок интензитет

Иако овие тренинзи се преполни со луѓе, овие вежби се одлични за подигање на нивото на енергија и намалување на стресот. Исто така, повеќето луѓе ќе бидат окупирани со дишењето и со изведувањето на вежбите, па нема да има многу простор за муабетење.

Најдобрите тренинзи за интроверти

Автор: Антонина Велјановска

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар