3 знаци дека веќе сте со личноста со која ќе стапите во брак

3 знаци дека веќе сте со личноста со која ќе стапите во брак

Кога луѓето се помлади влегуваат во заблуда дека сродната душа ја нашле кога ќе запознаат личност која има интересен моден стил или некој кој знае да свири гитара. Но, како што поминува времето, сите стануваме свесни дека зад секоја успешна љубовна врска треба да има многу посветеност и од двете страни.

3 знаци дека веќе сте со личноста со која ќе стапите во брак

Колкава и да е љубовта, партнерите мора да преземат неколку клучни чекори пред да го изговорат судбоносното „да“. Па, како да препознаеме дека веќе имаме таква личност покрај себе?

1. Заедно ги надминувате конфликтите во врската

Заедничкото решавање на проблемите во врската е одлика на еден здрав однос. Не мора да се согласувате за сѐ, но мора да знаете како заедно да ги надминете сите конфликти кои ќе се појават.

„Вие имате несогласувања и заедно ги надминувате. Вие се расправате, но повторно имате чувство дека сте во истиот тим. Длабоко во себе знаете дека вашиот партнер ќе биде покрај вас во кризните моменти. Им верувате и знаете дека ќе бидете заедно и во најтешките времиња“, вели д-р Џошуа Клапaу.

Според д-р Клапaу, дури и во најдобрите врски има несогласувања. Со тоа што посветувате внимание да го решите секој конфликт, вие покажувате дека вашиот партнер ви значи. Ако заедно сте поминале сѐ, тоа значи дека веќе сте со личноста која ќе биде покрај вас засекогаш.

2. Не ви е страв дека ќе пропуштите нешто доколку стапите во брак

Со тоа што влегувате во брак, вие влегувате во една заедница која би требало да опстои до крајот на животот. Секако, вие сте индивидуална личност, но со тоа што имате брачен партнер, некои одлуки ќе мора да ги носите заедно.

„Лесно ви е да се замислите со партнерот во иднина и воопшто не ви е тешко да го замислите заедничкиот живот. Во ниеден момент немате желба да бидете со некој друг и воопшто не ви е страв дека ќе пропуштите подобра прилика доколку стапите во брак“, вели д-р Клапaу.

Доколку не покажувате интерес за да се гледате со други луѓе, многу е веројатно дека вашиот партнер е совршената личност за вас.

3. Веќе сте зборувале на оваа тема

Според д-р Клапау, најголемиот знак е тоа дека веќе сте зборуваме на тема брак.

„Бракот е тема која треба да биде дискутирана, анализирана и испроцесирана, заеднички и индивидуално. Доколку не зборувате отворено за тоа дека сакате да стапите во брак со партнерот во одреден период од животот, можеби ќе се изненадите од тоа дека не се на иста бранова должина“, вели д-р Клапау.

По некое време од врската, можеби ќе сфатите дека немате исти замисли за иднината. Затоа е многу битно да бидете отворени за да знаете каде ве води сето ова.

Секако, бракот е голем чекор кој не е за секого и тоа е сосема во ред. Но, доколку сакате да се венчате, споделете ги своите замисли со партнерот што е можно побрзо.

Дознајте и кои се знаците дека сте во брак со погрешна личност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевничка која би живеела во приказна на Харуки Мураками, во режија на Вес Андерсон, со саундтрак на The Smiths.

Поврзани содржини

Остави коментар