Морате да го пробате: Рецепт за полнет сладок компир

Морате да го пробате: Рецепт за полнет сладок компир

Слаткиот компир сè уште не е доволно застапен во нашата кујна. Во рестораните за брза храна се служи како класичен помфрит со додатоци како сос или како прилог на вкусни хамбургери. Сепак, постојат разноразни рецепти и начини за приготвување на овој зеленчук.

Морате да го пробате: Рецепт за полнет сладок компир

Слаткиот компир доаѓа од Јужна Америка и многубројни нутриционисти го вбројуваат во листата на здрави намирници. Одличен избор е за сите оние кои сакаат да ослабат, а можат да го консумираат и оние кои имаат проблеми со шеќерот во крвта. Во продолжение прочитајте го нашиот рецепт на денот за полнет сладок компир.

Потребни состојки:

  • 4 средни слатки компири
  • 150 грама путер
  • 200 грама панцета
  • 1 мал кромид
  • кисела павлака
  • сол, бибер и свеж власец

Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 230 степени целзиусови. Измијте го слаткиот компир, исушете го, посолете го и оставете го да се печи еден час.

2. Исечете ја панцетата и оставете ја да се пржи без масло. Кога ќе биде испржена, на нејзино место додадете го кромидот.

3. Кога слаткиот компир ќе биде готов, исечете го на два дела, но не целосно.

4. Растопете го слаткиот путер и додајте го врз топлиот сладок компир, а потоа додајте ги кромидот и панцетата.

5. Намалете ја температурата на 200 степени и вратете го слаткиот компир во рерна. Печете околу 15 минути. Послужете со кисела павлака и власец.

Откако го прочитавте нашиот рецепт за полнет сладок компир, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за хумус од сладок компир.

Извор:


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар