Како ќе ни влијае ретроградниот Хирон од 19 јули до 23 декември?

Како ќе ни влијае ретроградниот Хирон од 19 јули до 23 декември?

Хирон го започнува своето ретроградно движење на 19 јули, ретроградна фаза која се случува еднаш годишно и која ќе трае до 23 декември 2022 година. Хирон е астероид што орбитира помеѓу Сатурн и Уран и се одликува со неверојатна космичка енергија за личен раст и развој.

Како ќе ни влијае ретроградниот Хирон од 19 јули до 23 декември?

Енергијата на Хирон помага во процесот на исцелување на нашите рани, но ни дава сила и да ги пребродиме траумите од минатото. Освен тоа, секој од нас ја поседува истата енергија како Хирон. Со други зборови, секој има способност да ја трансформира сопствената болка во извор на моќ.

Како што вели Руми, раната е местото низ кое влегува светлината.

Со оглед на тоа дека позицијата на Хирон ќе биде меѓу Сатурн и Уран, важно е да се знае дека енергијата на Сатурн е стабилна, додека онаа на Уран ни помага да ги разбудиме нашите сетила. Нивната целокупна енергија ни носи нова фаза од животот со нови можности.

Енергијата на Хирон ќе биде посебно моќна кога астероидот ќе биде во знакот на Овен. Огнениот Овен, од друга страна, нè поттикнува да најдеме сила во себе и ни дава храброст и самодоверба. Истовремено нè тера да се ослободиме од сето она што нè ограничува и нè спречува да растеме.

Оваа ретроградна енергија може да ни послужи како сознание дека и лошите моменти во животот ни помагаат да созрееме, дека и тие се дел од нашата судбина. Од нив учиме, се развиваме, сфаќаме дека доаѓаат подобри денови по моментите полни со болка, тага и разочарување.

За време на ретроградниот Хирон размислете за некое болно искуство од минатото. Размислете на кој начин можете да извлечете поука од она што веќе сте го искусиле и како тоа искуство може да ви биде поттик да продолжите понатаму во животот, со надеж дека работите ќе се подобрат.

Откако прочитавте за ретроградниот Хирон и неговото влијание во следните месеци, можеби ќе сакате да прочитате и кои 3 хороскопски знаци ги очекуваат големи промени сè до 3 декември.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар