Маска од 2 состојки што го изедначува тенот и го смирува црвенилото на кожата

Доколку имате неизедначен тен или проблеми со црвенилото на кожата, тогаш оваа маска е како создадена за вас. Најдобрата работа е тоа што таа е целосно е природна и нема да ви бидат потребни многу пари за неа. Сè што ви треба е само една круша и половина лимон. Оваа маска ќе ви ја врати свежината и ќе ги смири иритираните места на кожата. Потребно е да ја нанесувате 2 пати неделно за да имате видливи резултати.

(1) go-izednachuva-tenot-i-go-smiruva-crveniloto-na-kozhata-maska-od-dve-sostojki

Па, како да ја подготвите и користите?

Испасирајте ја крушата, а потоа додајте го исцедениот лимон. Добро измешајте ги состојките, па нанесете ја смесата на лицето. Почекајте да отстои 10 минути, а потоа исплакнете со млака вода и на крај нанесете ја кремата за лице која вообичаено ја користите.

Црвенилото од кожата би требало веднаш да го снема, а за да добиете изедначен тен, ќе ви биде потребно повеќе третмани.

Поради витамините Е и Б кои помагаат во регенерирањето на кожата, витаминот Ц и бакарните минерали, кои се исто така моќни антиоксиданти, крушата и лимонот се мелем за кожата, бидејќи го забавуваат нејзиното стареење и длабоко ја хидрираат.

Пробајте ја и оваа природна маска за нега на кожата со само 3 состојки.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар